Актуелни теми на дневен ред на седницата на Управен одбор на Советот на странски инвеститори
➢ Актуелно (09.06.2021, во 10:11:35)
👁 Прочитано: 214




Актуелни теми на дневен ред на седницата на Управен одбор на Советот на странски инвеститори

На 8 јуни 2021 година Управниот одбор на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница на којашто се дискутираше за  повеќе точки на дневниот ред.

Еугенио Омонеску, проектен менаџер во Меѓународната Финансиска Организација - ИФЦ ги презентираше клучните поенти од новиот проект за развивање на производствените синџири за снабдување во Западен Балкан,  чија цел е да се унапреди интеграцијата на локалните компании во интра-регионалните и европски синџири на снабдување. Ова ќе се постигне преку унапредување на соработката на локалните производствени добавувачи со странските инвеститори лоцирани во регионот и во еврозоната преку интегрирана платформа за поврзување, подобрување на бизнис климата и регионалната регулаторна рамка и олеснување на пристапот до финансии преку иницијативи од приватниот и јавниот сектор п.

Проектот е специјално дизајниран како под-регионален проект кој се фокусира на Србија, Република Северна Македонија и Косово, а ги опфаќа производствените капацитети од лесната индустрија  (автомобилска индустрија, градежни машини и  инфраструктурни апарати, како и земјоделски и транспортни машини).

Членовите на Управниот одбор се запознаа и со текот на реализацијата на проекот Образование за вработување во Северна Македонијза со цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјава.

Проектот поддржан од Швајцарија во наредниот десетгодишен период има за цел да стимулира вработување преку подобрување на стручните вештини во земјава. Проектот ќе биде имплементиран во партнерство помеѓу швајцарската невладина организација „Хелветас“, Стопанската комора на Сверна Македонија и Македонскиот центар за граѓанско образование. Проектот има за цел да овозможи повеќе граѓани, со посебен фокус на младите, да се стекнат со квалитетно стручно образование и обуки, како и да помогне во развојот на стручни вештини кои ќе придонесуваат кон зголемено вработување во земјава. Ивана Георгиевска од Хелветас ги истакна приоритетите на проектот акцентирајќи дека практичната обука е еден од главните предуслови за квалификување на кадарот во компаниите, а во таа насока и потребата за поголема вклученост на приватниот сектор во формалното и во неформалното стручно образование и обука, со фокус на практичната обука.

Во понатамошниот дел од седницата членовите на Управниот одбор на Советот на странски инвеститори дискутираа за актулените услови за водење бизнис и инвестирање во земјава, како и за донесување на нови предлог-мерки и препораки за унапредување на деловниот амбиент и олеснување на работењето за странските компании во земјава.

Влатко Стојановски
Соработник во организационата единица за развој, иновации и знаења