ЗНАЧЕЊЕТО НА “ЛАДНИОТ ЛАНЕЦ” НА ДИСТРИБУЦИЈА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ И БЕЗБЕДНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ
➢ Актуелно (07.06.2021, во 14:02:10)
👁 Прочитано: 249




ЗНАЧЕЊЕТО НА “ЛАДНИОТ ЛАНЕЦ” НА ДИСТРИБУЦИЈА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ВИСОКО КВАЛИТЕТНИ И БЕЗБЕДНИ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

 

Производството на млеко и млечни производи во Република Северна Македонија има своја традиција, кон што особен придонес дава разновидноста на географските обележја, што од своја страна придонесува за разновидност на видовите и рецептурите на млечните производи. За подобар квалитет на производите потребно е да се обезбеди производство на квалитетно млеко. Ова има особено значење ако се има во предвид стремежот на државата за побрзо зачленување во ЕУ – каде постојат високи стандарди и регулативи во ланецот на млеко-производството и млечните производи, беше истакнато на денешната прес конференција во Стопанската комора на Северна Македонија.

Производството на млеко во земјата се карактеризира со голем број мали фарми – традиционални фармери (75% од вкупниот број) кои имаат нископродуктивни 1 – 3 крави со ниско годишно производство на млеко од 2-3 илјади литри по крава. Многу е мал бројот на големи специјализирани фарми со повеќе од 20 крави (околу 5% од вкупниот број) со висока продуктивност и годишно производство на млеко околу 5 илјади литри по крава. Само 3% од фармите имаат повеќе од 50 грла и треба да бидат носители на производството на квалитетен генетски материјал за преостанатите фарми (репродуктивни центри).


БРОЈНА СОСТОЈБА НА ДОБИТОКОТ ВО РМ 2006-2018 ГОДИНА

Година

говеда

овци

Вкупно

Крави и стелни јуници

Вкупно

Овци за приплод

2006

255 430

164 013

1 248 801

858 684

2007

253 766

143 217

817 536

551 379

2008

253 473

147 519

816 604

587 625

2009

252 521

128 628

755 356

521 524

2010

259 887

124 553

778 404

536 528

2011

265 299

164 537

766 002

545 693

2012

251 240

161 070

732 458

520 126

2018

241 607

155 432

740457

531 160

2019

217 790

133 740

684 558

533 393

ОТКУП НА МЛЕКО ЗА ПЕРИОД 2005-2018 ГОДИНА

 

Година

Вкупно откупено млеко (кравјо и овчо) во илјада литри

Вредност на вкупно откупено млеко (кравјо и овчо) во илјада денари

2005

165,899

2.008.218

2006

144,910

1.870.901

2007

106,799

2.003.552

2008

100.602

2.551.479

2009

110.566

1.882.901

2010

86,347

1.494.104

2011

100.821

2.565.789

2012

101.265

2.296.523

2018

105.996

3.125.000

2019

154 132

3.130.008

ИЗВОЗ/УВОЗ НА МЛЕКО И МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Година

ИЗВОЗ

УВОЗ

Количина во тони

Вредност во САД $

Количина во тони

Вредност во САД $

2007

3,524,439

3,845,287

22,649,923

30,599,560

2008

4,390,379

8.712.387

19.415.319

38.630.366

2009

2.203.974

5.253.515

26.441.381

37.985.684

2010

3.274.670

7.387.682

25.132.352

36.853.570

2011

3.727.166

9.904.373

31.472.780

52.515.519

2012

3.878.254

9.863.601

38.804.369

52.407.890

2018

5.602.300

11.402.658

36.459.259

50.326.948

2019

9.378.229

8.555.531

44.305.263

45.356.213

2020

11.250.368

10.856.230

55.200.568

62.102.565

Во млечната индустрија, обезбедувањето висок квалитет на производите започнува уште од преземањето на сировото млеко од фармите, преку дистрибуцијата, па сè до нивното правилно складирање и чување во директните продажни места. Ова е особено важно за кисело-млечните производи, како што се јогуртот, киселото млеко, павлаката и други производи од овој тип, кои се температурно осетливи и за кои е задолжително, во целиот процес на производството, дистрибуцијата, продажбата, па сè до крајното сместување во фрижидер во домаќинствата, да бидат чувани во специфични услови. Токму овој процес се нарекува ладен ланец, а контролирана оптимална температура на целиот ланец е од 2 до 8 степени – информираше Ѓорѓи Петрушев, Претседател на Групацијата за производство, откуп и преработка на млеко при Стопанската комора на Македонија. Тој воедно го изрази во име на индустријата задоволството од објавената мерка бр. 4 од страна на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руруалниот развој за набавка на висококвалитетни говеда, овци и кози, со што значително ќе се подобри генетскиот материјал на сточниот фонд како и квалитетот на крајниот производ на пазарот.

Целта на оваа кампања е едукација на крајните потрошувачи и продавачите по продажни места за значењето на ладниот ланец и придобивките од почитувањето на истиот.

• Едукација на потрошувачите и продавачите за важноста на одржувањето на квалитетот на производите се до конзумација

• Едукација за последиците од прекршувањето на ладниот ланец

• Зголемување на задоволството на крајниот потрошувач на млечни производи

• Зголемена конзумација на млечни производи по жител

• Зголемена потрошувачка на млечни производи во продажниот ланец

Преку организацијата за заштита на потрошувачите да се работи на информирање на потрошувачите за нивната улова во процесот - од купување во маркетите до складирање во домашни услови. Среќаваме ситуации во кои правилата за соодветно чување на производите во маркетите или на други продажни места не се почитуваат, некогаш од страна на дистрибутерите, некогаш од страна на крајните продавачи, но има ситуации кога не се почитувани ни од самите потрошувачи. Токму затоа, сметаме дека особено е важно и самите потрошувачи да бидат запознаени со сите процеси што треба да претходат за да се добие производ со врвен квалитет. Доколку дојде до прекин на ладниот ланец, се скратува рокот на траење на кисело-млечните производи и доаѓа до промена на квалитативните карактеристики на производот – истакна Петрушев.

Унапредувањето на млечниот пазар во земјата не подразбира исклучиво инвестиции во агроиндустрискиот комплекс, туку и континуирана едукација на сите засегнати страни во комплексниот процес на млекопроизводството, почнувајќи од фармерите и самите млеко-преработувачи, преку дистрибутерите и трговците, па сѐ до крајните потрошувачи. Темата за запазување на ладниот ланец во целиот овој процес е секогаш актуелна и Групацијата континуирано прави напори преку сите расположливи алатки да ја едуцира јавноста за важноста на одржувањето на квалитетот на производите, но и за последиците од прекршувањето на ладниот ланец, сѐ со цел да се гарантира задоволството на крајниот потрошувач.

Соработката помеѓу компаниите од комората и надлежните институции, пред се ресорното министерство, Агенцијата за храна и ветеринарство како и Асоцијацијата на потрошувачи на Македонија се одвива на највисоко ниво, во која меѓу другото се токму и повеќе вакви иницијативи и политики што ќе придонесат за развој на индустријата.

Иако состојбата со количините произведено сурово млеко и откупот на истото се чини во моментот стабилна, постојаното поскапување на сточната храна создава загриженост за вториот дел од годината, а особено за последниот квартал. Со тоа состојбите кон крајот на годината кои се вообичаено сложени, може уште повеќе да с усложнат.

Од друга страна, преработувачите се соочени со постојан раст на цената на енергенсите и репроматеријалите (струјата се очекува да поскапи за 20-30%, пет амбалажата, фолии и др) и истите скоро и да не постои можност да се пренесат на крајниот купувач како зголемена цена на производот - од една страна поради намалената куповна моќ на потрошувачите, но и поради огромната конкуренција на домашниот пазар. Во такви услови, кога и фармерите и преработувачите се соочуваат со поскапување на влезните компоненти, а не постои можност тоа да се компензира со зголемување на цената на крајниот производ, логично е да се бара интервенција од страна на државата преку пакет кризни мерки за оваа индустрија (забрзана исплата на субвенции, бескаматни кредити и сл). Притоа, свесни за органичената можност за ваквите интервенции, би барале целокупниот фокус да се насочи кон примарните производители на сурово млеко, затоа што тие се основа на која се потпира целокупната млечна индустрија.

Моментално реалноста е таква да иако законската регулатива постои веќе со години, млекото се плаќа по количина - како литар течност, без оглед на квалитетот. На долг рок, и имајќи ги особено предвид нашите аспирации за влез во унијата, таквата состојба е неодржива. Затоа е крајно време да заживее исплата на млекото според матрица на квалитетивни компоненти (масти, протеини, сува материја, микробиологија, вода).

За да ова профункционира, потребвно е да заживее цел еден систем на поврзани институции-земање мостри, проширување на капацитетот на лабораторрии за испитување, национална лабораторија за суперконтрола, регистар на фармери со историјат на производство и квалитет на истото, исплата на субвенции според квалитет.

Клучно е целиот овој систем да профункционира истовремено и да стане задолжителен за сите чинители на пазарот, без исклучок, инаку повторно се отвара простор за нелојална конкуренција, занемарување на квалитетот и враќање на старото, што за одреден период може да се покаже погубно за домашната млечна индустрија.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување