СО БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДО СОЗДАВАЊЕ ВРЕДНОСТ ОД РАСПОЛОЖИВИТЕ ПОДАТОЦИ
➢ Актуелно (04.06.2021, во 15:45:52)
👁 Прочитано: 305



Одржан дводневен „онлајн“-семинар на тема: „МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI“
СО БИЗНИС ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДО СОЗДАВАЊЕ ВРЕДНОСТ ОД РАСПОЛОЖИВИТЕ ПОДАТОЦИ

Во ера на дигитализација кога секоја деловна информација се преточува во одреден извештај, располагањето со податоци, особено оние кои искажуваат одредени вредности може да се искористи изработка на анализи кои можат да откријат значајни информации за работењето на компанијата врз основа на кои можат да се донесат клучни деловни одлуки. Квалитетните податоци, се основа за квалитетни информации, а бизнис интелигенцијата како доста популарно занимање е насочено кон трансформирање на суровите податоци во значајни и корисни информации кои овозможуваат поефикасни стратешки, тактички и оперативни согледувања кои водат до носење на подобри деловни одлуки.

За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 3 и 4 јуни 2021 година организираше „онлајн“-семинар на тема: „МОДЕЛИРАЊЕ, АНАЛИЗИРАЊЕ И ВИЗУЕЛИЗИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ СО POWER BI“ во насока на унапредување на аналитичките способности преку употреба на современи дигитални вештини.

Извлекувањето на информации од податоците со кои располагаат организациите, а кои доаѓаат од различни извори (бази на податоци, веб, социјални медиуми, сензори, анкетни прашалници, слики, видео, трансакции, итн.) е клучна вештина за нивно успешно работење и креирање на конкурентска предност. А токму Microsoft Power BI Desktop како моќна алатка овозможува интегрирање на податоци од различни извори, креирање на модел на податоци, анализирање на податоци и креирање на интерактивни визуелни извештаи кои даваат нова димензија при презентирањето на податоците. Визуелизирањето на податоците и креирањето на интерактивни извештаи овозможува на едноставен начин да се комуницираат резултатите меѓу доносителите на одлуки во организацијата и да се донесат подобри одлуки со кои ќе се остварат поставените таргети. Затоа што обемот на податоци со кои располагаат организациите секојдневно се зголемува, скриениот потенцијал во нив може да се отклучи со користење на Power BI.

Центарот за едукација и развој на човечки ресурси постојано ги следи барањата и потребите на претставниците од реалниот сектор и врз основа на истите организира обуки кои придонесуваат за развој на нови вештини кои доведуваат до раст и развој на организациите и конкурентска предност која е особена важна во услови на брзо и динамично опкружување.

Михајло Донев
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување