Одржан „онлајн“ семинар: ПРИДОБИВКИ ОД ВКЛУЧЕНОСТ НА ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЗР ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
➢ Актуелно (28.05.2021, во 13:49:18)
👁 Прочитано: 719




Одржан „онлајн“ семинар: ПРИДОБИВКИ ОД ВКЛУЧЕНОСТ НА ПРЕТСТАВНИК НА ВРАБОТЕНИ ЗА БЗР ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

 
 Целта на „онлајн“ семинарот беше, корисниците да научат да ги дефинират основните концепти на безбедноста и здравјето при работа, да ги опишат главните обврски и права на претставниците на вработените за БЗР, синдикалните претставници во однос на подобрувањето на БЗР во компаниите. Воедно беа објаснети и  начелата за ефективните БЗР системи за управување, идентификација, проценка и контрола на ризиците и употребата на личната заштитна опрема, како и употреба на опремата за работа од страна на вработените на работно место.

На семинарот од страна на презентерите беа обработени следниве теми:
•Закон за БЗР (Службен весник на Република Македонија” брoj 92/2007):
•Причините за измените и дополнувањето на Закон за безбедност и здравје при работа (Сл.весник на РМ бр.158/14);
•Начин на вклучување на синдикатите во компаниите;
•Концепт на Закон за безбедност и здравје при работа;
•Основни одредби на Законот: уредување, спроведување и унапредување на безбедноста здравјето на вработените кои учествуваат во работните процеси;
•Поим за проценка на ризик и процедури за изготвување на проценката на ризик;
•Различни методологии за проценка на ризик и критериуми за оптимален избор на соодветни методологии за проценка на ризик согласно дејноста и ризиците;
•Прописи кои се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа;
•Превенција од САРС КоВ 2 – вирусот.

По завршување на семинарот учесниците се стекнаа со сертификат за учество и потврда со стекнати 10 бодови согласно Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа.

Презентери на „онлајн“ семинарот беа: проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд и м-р Снежана Ј. Петковска, дипломиран инженер по ЗПР.

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување