КВАЛИТЕТОТ И ИСПРАВНОСТА НА ДОМАШНИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОТВРДУВА ПРЕКУ РЕДОВНИТЕ КОНТРОЛИ НА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ
➢ Актуелно (16.05.2021, во 22:39:48)
👁 Прочитано: 512




КВАЛИТЕТОТ И ИСПРАВНОСТА НА ДОМАШНИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОТВРДУВА ПРЕКУ РЕДОВНИТЕ КОНТРОЛИ НА НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ

 

Во изминатиот период се почесто се среќаваме со рекламирање на одредени неисправности поврзани со домашните прехранбени производи преку социјалните мрежи, непотврдени искази спротивно на законските прописи, со што се доведуваат во заблуда јавноста и домашните потрошувачи.

Во вакви случаи, компаниите најодговорно ги преземаат сите мерки вклучително и повлекување на производот од продажба. Исто така, со цел детално истражување на овие непотврдени случаи, компаниите постапуваат согласно одредбите на Законот за заштита на потрошувачите и Законот за безбедност на храна, како и пропишаните постапки за заштита на правата на потрошувачите.

Притоа, по спроведувањето на сите законски утврдени анализи и проверки од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, резултатите во најголем број на вакви “пријави и рекламации” ја потврдуваат исправноста на производот.

Македонските компании од земјоделско прехранбениот сектор во насока на справување со јавното ширење на неосновани тврдења и невистини, кои воедно претставуваат обиди за нарушување на довербата на потрошувачите и деловниот углед на компаниите, одлучно ги преземаат неопходните законски постаки истовремено продолжувајќи со доследно спроведувањена најдобрите светски практики и европски стандарди за безбедност на храната.

Стопанската комора на Северна Македонија го покрена прашањето за рекламирање на одредени неисправности поврзани со домашните прехранбени производи преку социјалните мрежи и пред Советот за заштита на потрошувачите, од каде препораките се потрошувачите да ги користат правните механизми за заштита на нивните права, наместо социјалните мрежи, со цел основаноста на претставките да се утврдува во со закон пропишана постапка и да се одбегне јавното ширење на недокажани тврдења кои може да ја нарушат довербата на потрошувачите и деловниот углед на компаниите.

Васко Ристовски
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување