ЕДЕН РЕГИОН, ЕДНА ЕКОНОМИЈА Обезбедена ревакцинација во Србија за бизнис секторот
➢ Актуелно (16.05.2021, во 21:45:53)
👁 Прочитано: 636




Обезбедена ревакцинација во Србија за бизнис секторот

На последната 17 та седница на Управниот одбор на Коморскиот инвестицискки форум што се одржа вчера во Белград, копретседателот на КИФ Марко Чадеж потврди дека ревакцинацијата на бизнисмените од Западен Балкан ќе биде извршена во предвидениот термин 19 и 20 јуни оваа година. Во таа акција која се изведе на 27 и 28 март беа вакцинирани 2.200 македонски бизнисмени на пунктот во Ниш кој беше специјално отворен за таа намена.   

Во рамки на акцијата координирана од Коморскиот инвестициски форум на крајот од месец март беше реализира вакцинација и за повеќе од 7.600 стопанственици од Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Црна Гора во просториите на Саемот во Белград.

Со оваа акција, Коморскиот инвестициски форум и сите Стопански Комори од регионот со доследна примена на мотото “Еден регион, една економија”, покажаа дека единствено со заеднички сили регионот може да успее да ги надмине последиците од пандемијата и да работи на брзо економско закрепнување.

Со цел засилена имунизација на регионот, управниот одбор на Коморскиот инвестиционен форум порена иницијатива за иста ваква акција кон крајот на месец јуни со нова количина од 10.000 вакцини за деловниот сектор од земјите членки на Коморскиот инвестиционен форум на Западен Балкан (Србија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина).

Активноста на КИФ од крајот на МЕСЕЦ Март оваа година, на дело ја покажа солидарноста на бизнисите од Западен Балкан и во така тешки услови да се делува заеднички како Регион, а и останатите активности предвидени за наредниот период ќе ја потврдат таа максима бидејќи регионалниот пристап во нашето работење нема алтернатива.

Регионот во наредниот период мора да биде централниот таргет на нашите активности кој силно се подржани од Европската Унија и водечката економија во Европа Германија.  

Служба за информирање при Комората