ВО ЕКОТ НА ПЕТТИОТ МЕСЕЦ ОД ГОДИНАТА, ЗЕМЈАТА Е СЕУШТЕ БЕЗ СЕРИОЗНА НАЈАВА ЗА ОРГАНИЗИРАНИ ГРУПИ НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ
➢ Актуелно (14.05.2021, во 08:02:03)
👁 Прочитано: 547




ВО ЕКОТ НА ПЕТТИОТ МЕСЕЦ  ОД ГОДИНАТА, ЗЕМЈАТА Е СЕУШТЕ БЕЗ СЕРИОЗНА НАЈАВА ЗА ОРГАНИЗИРАНИ ГРУПИ НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ
  • Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот без координација со бизнис секторот за промоција на државата како туристичка дестинација во се`уште актуелна Ковид-19 криза. По речиси пет изминати месеци од почетокот на годината нема одржано ниту еден состанок на Советодавното тело на АППТ со Коморите и Асоцијациите од секторот.
  • Во двете Студии изработени во 2020 година за негативните ефекти на Ковид-19 кризата врз туристичко угостителскиот сектор беше констатирано дека фокусот на туристи во следниот период ќе биде на домашни туристи и туристи од регионот во радиус од 600 километри. Засега изостанува видливоста на координирани активности за привлекување  на туристите од регионот.
  • Во услови на поддршка и на ваучери за одредена група граѓани во 2020 година и во состојба на целосна блокада за патување надвор од државата, не се постигна ниту прагот на домашни туристи од 2019 година, што укажува дека ефектот од досега донесените мерки целосно не е постигнат.
  • Домашниот туризам има свој удел, но тој не може да го замени странскиот туризам кој има сериозен девизен ефект во домашната економија. 
  • Македонија се`уште е во црвената зона на високо ризични земји за патување.
  • Потребно е итно имплементирање на „Safe travel stamp“, за сигурна туристичка дестинација, но не само печати во угостителските објекти туку и целосна поддршка од страна на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи, за здравство, преку тековно информирање на англиски јазик за странските туристи да бидат во тек со актуелната состојба и важечките услови за функционирање во земјата.
  • Бизнис секторот во 2020 година година бараше да се донесе мерка за државни ПЦР тестови за странски туристи кои доаѓаат во нашата држава а при враќање во матичната земја имаат обврска да покажат негативен Ковид тест.

 

За ова и за други сегменти од поддршката на туризмот во услови на криза повеќе во дебата на ТОП ТЕМА преку учество на Даниела Михајловска Василевска, задолжена за Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Линк до целото интервју Топ Тема - Колку државната помош му помогна на домашниот туризам да ја преброди ковид кризата? - YouTube

Даниела Михајловска Василевска
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување