СКОПЈЕ, БЕЛГРАД ВИА ТРСТ
👁 Прочитано: 844




СКОПЈЕ, БЕЛГРАД ВИА ТРСТ

Економската соработка во регионот нема граници, и потенцијалите треба максимално да се искористат, а моите средби во овие неколку денови се најдобар доказ за тоа.

Синоќа во Белград имав работна средба со оперативниот тим на Тиквеш за српскиот пазар предводен од Свето Јаневски, кој е и член на Бизнис Советот на Коморскиот инвестициски форум, на кој се разговараше за стратегијата Тиквеш да премине од втората на првата позиција во учеството во српскиот вински пазар, што е огромен резултат и признание за нашата најголема и најетаблирана компанија за производство на вино.

Активностите продолжуваат денес, со работна посета во Секретаријатот на Коморскиот инвестициски форум во Трст. Во својство на копретседавач на КИФ, заедно со копретседавачот на КИФ и претседател на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и Генералниот секретар на КИФ д-р Татјана Штерјова Душковска, ќе реализираме повеќе средби со италијанските партнери, клучни за идните планирани активности на КИФ.

п.с. На сите наши членки кои денеска го прославуваат Рамазан Бајрам им упатувам честитка, со желби за добро здравје за нив и нивните семејства, напредок и просперитет.

Бранко Азески
Бранко Азески, претседател на СКСМ и ко-претседавач на Коморскиот инвестициски форум