ВТОРАТА ФАЗА НА ИМУНИЗАЦИЈАТА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО НАШАТА ДРЖАВА
➢ Актуелно (12.05.2021, во 19:31:42)
👁 Прочитано: 3576




ВТОРАТА ФАЗА НА ИМУНИЗАЦИЈАТА  НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО НАШАТА ДРЖАВА

Почитувани членки на Стопанската комора на Северна Македонија

Министерството за здравство и специјалниот Оперативен тим за втората фаза на имунизацијата на бизнис заедницата во нашата држава формирана од Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, ве известуваат дека е постигнат договор да се реализира организирано вакцинирање на бизнис секторот со цел во одреден период да се достигне доволна бројка на вакцинирани лица во државата во насока на стекнување колективен имунитет на национално ниво.

За таа цел Ве информираме дека Специјалниот оперативен тим и Платформата за јавно-приватен дијалог во која членуваат и Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на Стопански комори, ќе реализираат организирано вакцинирање на деловниот сектор.

Со ова обраќање Ве известуваме дека започнува постапката за која е потребно да се направат следните подготовки:

  1. Најдоцна до 17.5.2021 година (понеделник) да се подготват листи на заинтересирани лица за вакцинирање со следните податоци:
  • име, презиме и матичен број на вработените и
  • пункт каде ќе се вакцинирате – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Тетово и Охрид).

Компаниите повратно на меил ќе ги инфорираат лицата задолжени во Стопанската комора на Северна Македонија за соодветни здруженија само за вкупниот број заинтересирани лица за вакцинирање.

  1. Во тек е постапка за изработка на посебен апликација за аплицирање за вакцинација на вработените во деловниот сектор за што ќе добиете дополнително повратно известување од наша страна за начинот на аплицирање и внесување на податоците од претходно наведената листа во точка 1.
  1. При подготовка на листата имајте во предвид дека приоритетна група на вработени се вработените кои работата во:
  • поголема група во една иста просторија, како погон, магацин и сл.;
  • угостителско туристичкиот сектор;
  • јавен транспорт;
  • продавачи во малопродажните трговски објекти и сл.).

Листата на приоритетни дејности и работни позиции ќе се надградува согласно во координација со надлежните институции.

Точноста на податоците за вработени кои ќе бидат пријавени за вакцинирање се од исклучително значење со цел добивање валидни Сертификати од министерството за здравство за реализираниот процес на вакцинација.

Вакцинацијата ќе оди со тековно – достапните вакцини обезбедени од страна на Министерството за здравство, достапни за сите граѓани, а во моментов истите се однесуваат само на вакцинирање со кинеската вакцина „СИНОФАРМ“ до расположливите количини.

За таа цел, упатуваме замолница, за максимално трпение и укажување дека динамиката и брзината на спроведување на процесот на имунизација во најголем дел ќе зависи од системскиот капацитет на обезбедување на потребните количини на вакцини.

 

Специјален оперативен тим:

  • Антони Пешев претседател;
  • м-р Анета Трајковска, главен координатор за односи со министерството за здравство и други бизнис заедници (комори, здруженија, асоцијации);
  • Даниела Михајловска Василевска, главен координатор за ПР стратегија и односи со јавност
Даниела Михајловска Василевска
Менаџер во организационата целина за претставување на членките и вмрежување