Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: УПРАВУВАЊЕ НА МАГАЦИН
➢ Актуелно (12.05.2021, во 19:30:41)
👁 Прочитано: 526




Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: УПРАВУВАЊЕ НА МАГАЦИН

Управувањето со магацин се повеќе станува актуелна тема во компаниите. Од начинот на кој е организиран магацинот и начинот на кој тој се управува во голема мера зависи и успешноста на самата компанијата. Систематизацијата на активностите во магацинот само навидум изгледа едноставна и лесна за организација. Концептот на современите и ефикасни магацини бара добро планирање за да бидат вклучени сите важни чинители кои придонесуваат за ефикасноста на магацинот: локација, просторен распоред, поделба на зони, организација и управување со вработените, избор и користење на опрема, систематизација на процесите, софтверска поддршка, систем за известување и контрола. Целта на семинарот беше учесниците да добијат целосна и јасна слика за сите елементи кои влијаат на ефикасноста на работењето во магацинот и да научат корисни техники кои можат дирекно да ги применат во пракса.
На „онлајн“ семинарот беа обработени теми и дадени одговори, кои на учесниците во иднина ќе им помогнат за квалитетно извршување на своите работни задачи  и обврски поврзани со магацинското работење и тоа:

  • Основи на управувањето со магацин?
  • Што е управување со магацин?
  • Разлика помеѓу управување со залихи и управување со магацин?
  • Принципи за управување со магацин;
  • Процес за управување со магацин;
  • Организирање на магацинот;
  • Управување со операциите во магацинот;
  • Процес на пикирање;
  • Систем за управување со магацин (WMS);
  • Што е 3PL и кои бизниси можат да го користат?


Предавач на семинарот беше: Славчо Бујароски, елекроехнички инженер и претприемач од 1995 со огромно искуство и познавање на дизајн, развој, имплементација и поддршка на деловни софтверски решенија за управување со компании. Директно има иницирано развој на повеќе од 20 софтверски производи во областа на управување со компании кои се произведени и поддржани од Сигма-СБ каде е сопственик и управител. Водел повеќе од 200 имплементации на комплексни софтверски решенија во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Албанија.

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување