„Scalefocus„ најави вработување на 300 инженери во наредните пет години
➢ Актуелно (20.04.2021, во 13:34:31)
👁 Прочитано: 834




„Scalefocus„  најави вработување на 300 инженери во наредните пет години

Меѓународната компанија за софтверско инженерство Scalefocus најави дека ќе вработи 300 инженери во следните пет години кои ќе работат на иновативни проекти за дел од најголемите светски компании. Од компанијата, соопштуваат дека веруваат во високиот инженерски потенцијал и капацитетот на локалниот ИТ еко-систем. Scalefocus на нашиот пазар се присутни неколку години, а од крајот на 2019 година имаат со канцеларија во Скопје.

– Како земја отсекогаш сме имале многу квалитетни инженери, кои работат на светски проекти. Нашите инженери и ИТ професионалци придонесуваат со креативни решенија за подобрување на процесите на нашите клиенти. За нас, иако формалното образование е исклучително важно, не е пресудно во процесот на вработување, бидејќи главните карактеристики кои ги цениме се компетентноста во програмирање и системот на вредности, без разлика каде се стекнати, истакнува одговорното техничко лице на Scalefocus во државава Горан Стојановски.

Планови за развој во земјава, на компанијата, се многу големи, и за да ги оствариме, не е доволно само да ги ангажираме најдобрите ИТ професионалци, туку потребно е да им ги обезбедиме најдобрите услови за работа, атрактивните канцеларии, програмата за флексибилни придобивки, можноста за работа од секаде, како и планирањето на нивниот професионален развој.

Исто така компанијата „Scalefocus„ е членка и стандард покровител на Стопанската комора на Северна Македонија.
 

Служба за информирање при Комората