Здружението на угостителството и туризмот доби овластување за издавање и имплементирање на „Safe Travels Stamp“
➢ Актуелно (19.04.2021, во 10:32:13)
👁 Прочитано: 324



Потпишан меморандум за соработка на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Северна Македонија со министерството за економија
Здружението на угостителството и туризмот доби овластување за издавање и имплементирање на „Safe Travels Stamp“

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Северна потпиша Меморандум за соработка со министерството за економија за спроведување на активностите за издавање и имплементирање на „Safe Travels Stamp“ во нашата држава, опција за видлива безбедна туристичка дестинација на државата иницирана од WTTC (World Travel & Tourism Council).

Процесот опфаќа констатирање за имплементација на протоколи за базбедностен туризам согласно препораките на СТО (Светска туристичка организација) и имплементација на знакот за безбеден туризам согласно WTTC (Светскиот совет за туризам и патување).

Процесот за обука на лицата кои ќе ја спроведуваат ова активност во име на Здружението (со избор на тројца претставници од Комората) ќе се реализира во периодот што следи во организација на Министерството за економија во соработка со Швајцарската Амбасада. По завршување на обуката, ќе започне процесот на имплементација, за што министерството за економија како координатор на целиот процесот ќе ги обзнани насоките и активностите.

Идејата за имплементирање на „Safe Travels Stamp“ во државата беше на инцијатива на бизнис секторот, кој во континуитет алармира дека е нужно Северна Македонија да го добие печатот на „безбедна дестинација“, со што ќе стане видлива за странските туристи, како дестинација која ги почитува Протоколите дефинира во државата но и оние поставени на светско ниво за патувањата преку Светската туристичка организација.

Паралелно со имплементирање на „Safe Travels Stamp“, бизнис секторот укажува дека е од особено значење и надлежните институции во државата како Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи преку своите електронски гласила да имаат тековно ажурирање на податоците за актуелната состојба со Ковид-19 кризата, со што ќе може да се обезбедат валидни и реални податоци за здравствената состојба во државата и видливост спрема другите држави.

Даниела Михајловска Василевска
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија