ОБУКИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ПОРТАЛОТ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ КАЈ РАБОТОДАВАЧ
➢ Актуелно (15.04.2021, во 08:22:44)
👁 Прочитано: 154




ОБУКИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ПОРТАЛОТ  ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ КАЈ РАБОТОДАВАЧ

Во чекор со новото време, дигитализацијата на процесите станува приоритет во делувањето на Комората. Во таа насока, за реализација на активностите во сегментот на образование, со поддршка на проектот „Образование за вработување“ се изработи Портал за вмрежување на активните чинители во процесот на реализација на практичната обука кај работодавач кој ќе нуди танспарентност на процесот, создавање солидна база на податоци и ќе придонесе за афирмација на практичната обука на реално работно место за стекнување стручни и практични вештини кај учениците. Тоа ќе ја олеснува соработката помеѓу училиштата и компаниите, давајќи приказ за верифицираните компании, сертифицираните ментори каде што учениците треба да ја реализираат практичната обука.

Денес од страна на Скејлфокус, компанијата која го изработи апликативниот софтвер на порталот, беше одржана првата виртуелна обука за вработените во Стопанската комора кои ќе работат на порталот, за преставниците од компаниите и за лицата ментори.

Во следниот период ќе продолжат обуките за бидат опфатени поголем број на учесници,  а за истата намена ќе бидат подготвени и упатства и туторијали за користење на порталот сè со една единствена цел: порталот да ја добие вистинската употребна вредност.

м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија