Преземено: „Помалку чекање на граничните премини за Овластените економски оператори“
➢ Актуелно (05.04.2021, во 15:22:37)
👁 Прочитано: 147




Преземено: „Помалку чекање на граничните премини за Овластените економски оператори“

Активностите во процесот на валидација на усогласеноста на македонската Програма за Овластен економски оператор се во завршна фаза и се очекува во извештајот на меѓународните валидатори од ЦЕФТА страните, ЦЕФТА Секретаријатот, Европската Комисија и експерти на ГИЗ, позитивна оценка и потврда за законска усогласеност со законодавството на ЕУ. По завршувањето на постапката за меѓународна валидација на Програмата за Овластен економски оператор (ОЕО), македонските ОЕО, покрај погодностите во нашата држава, ќе имаат големи погодности и во ЦЕФТА регионот, како што се приоритетно минување на граничните премини, помалку контроли, избегнување на двојно поднесување документи, бесплатни обуки итн. а во насока на намалување на времето на чекање на граничните премини, намалување на трошоците и стимулација на трговската размена преку взаемно признавање на протоколи, процедури и документација. На списокот на компании од земјава кои се Овластени економски оператори има 18 фирми меѓу кои прехранбени гиганти, шпедиции, компании за транспорт и логистика и странски инвестициски капацитети.

Од индиректни придобивки компаниите иматели на ОЕО сертификат издвојуваат: намалени безбедносни и сигурносни инциденти, намалени кражби и загуби, односно заштита на производи, објекти, опрема, информации и ресурси од кражба, употреба на лого што е корисно како маркетиншка алатка,  на сите официјални документи треба да стои логото на ОЕО како официјален знак на препознавање дека операторот е безбеден и сигурен партнер во Синџирот на Снабдување и доверлив бизнис партнер.


Овластен економски оператор (ОЕО) е субјект што е одобрен од царинските администрации да користи олеснувања во поглед на царинските контроли поврзани со безбедноста и сигурноста и/или поедноставувања пропишани со царинските прописи. Покрај увозници и извозници за едно вакво одобрение може да аплицира и производител, превозник, застапник во царински постапки, имател на царински склад, доколку ги исполнуваат пропишаните критериуми и услови.


Целата информација можете да ја прочитате на:  Помалку чекање на граничните премини за Овластените економски оператори | opserver.mk

Служба за информирање при Комората