Одржана „онлајн“ работилница на тема: „Основи за отсуство од работа со и без надоместок на плата“
➢ Актуелно (30.03.2021, во 13:34:45)
👁 Прочитано: 166




Одржана „онлајн“ работилница на тема: „Основи за отсуство од работа со и без  надоместок на плата“

Иако изминатиот период, кој беше одбележан со брзи регулативни промени, донесе бројни дилеми по однос на многу аспекти од работењето, но како најистакнати се наметнаа прашањата за отсуство на работниците од работа со и без надоместок на плата.

Со цел да понуди комплетена анализа во насока на надминување на ваквите дилеми, на работилницата се разгледаа најчестите основи за отсуство од работа: годишен одмор, бледување, отсуство на бремени работнички, привремен принуден одмор, други платени отсуства, неплатено отсуство.

Почнувајќи од користењето на годишниот одмор, на работилнцата се разговараше за најчестите проблеми со кои се соочуваат работодавачите и работниците во поглед на овој институт.

  Како особено актуелно прашање, се разгледа отсуството од работа поради боледување. Во рамки на оваа тема, се дискутираше за главните прашање: во кои случаи може да стане збор за боледување, кој е исплаќач на надоместокот на плата и како се одредува таквиот надоместок. Особено внимание се посвети на боледувањето поради КОВИД-19, при што се дискутираше за можноста за користење на боледување од страна на работниците кои се директно или индиректно засегнати од вирусот. Конечно, се разви дискусија за отсуството на бремените работнички кои се ослободени од работа со физичко присуство, како и генерално за отсуството поради бременост, раѓање и мајчинство.

Во рамки на работилницата, интерактивно се објасни и институтот привремен принуден одмор, преку преглед на условите и модалитетите за негово спроведување, како и се посочија останатите основи за платено отсуство од работа, а се разгледа и поимот на неплатеното отсуство.

Предавач на работилницата беше Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат во Адвокатско друштво „Гоџо, Кичеец & Новаковски“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

 

М-р Анита Рафајловска
стручен соработник во Стопанска комора на Северна Македонија