ВИДЛИВОСТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2021 ГОДИНА
➢ Актуелно (29.03.2021, во 15:10:44)
👁 Прочитано: 225




ВИДЛИВОСТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

За да се избегне нова катастрофална туристичка сезона и трајно губење на позициите на меѓународниот пазар на туризмот) неопходно е да се применат безбедносни здравствени стандарди утврдени преку „Safe travels“.

SAFE TRAVELS е основен предуслов за видливост на дестинацијата во следните години.

Во услови кога е во фаза процедурата за воведување протоколи за безбедност и издавање безбедносен печат „Safe travels“ на World Travel & Tourism Council (WTTC), за кое надлежност има Министерството за економија, како деловен сектор укажуваме дека за да биде функционален и да даде ефект, би било од голема корист да постои системско решение за имплементирање на т.н.safe travels стандарди кои се имплементираат во сите земји што ставаат акцент на туризмот како ПОСТКОВИД развој, во услови на се уште постојна криза во пресрет на отворање на регионите и државите за патување преку координирана акција за подигнување на туристичкиот ефект во државата.

Тоа вклучува меѓу институционална соработка со МНР, МВР, министерството за здравство, што ќе обезбедат јасност и видливост на стандардите и промоција на истите,

Александар Кузманоски, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Северна Македонија,  укажа дека координацијата со министерство за надворешни работи е важна бидејќи на web страната https://travel.mfa.gov.mk/mk недостасува информација за услови за влез во нашата држава, и покрај тоа што имаме најлиберални услови нигде тоа не е објавено ниту истакнато. Треба да се адаптира во Safe Travels стандарди. Како успешен пример се наведени информациите штос е нудат во земји од окружувањето.

Потребна е координација и со министерството за здравство за да се објави на англиски јазик, мини верзија на страната WTTC (World Travel & Tourism Council (WTTC) | Travel & Tourism Representative Council). Пример во ек на полициски час, повратници од Африка, да може преку линкови да добијат информација за местата каде може некој да се тестира, информации каде странец да се обрати доколку е позитивен, Ковид СОС број на странски јазик итн.  одособено значење е да се лоцира која инспекциска служба би била надлежна за почитување на стандардите за секој кој добил Safe Travels лепенка.

Останува потребата вели Кузманоски за реализација на бесплатните PCR рестови од петтиот пакет мерки, за сите туристички или бизнис посетители кои престојуваат во домашни хотели (оваа мерка ќе помогне да се вратат гостите во Скопје) но многу ќе помогне и надвор од Скопје. Нема да има големо оптоварување на буџетот бидејќи ќе прави тест само оној што мора и што ќе му биде признаен во државата каде што ќе патува (тој што нема потреба не би се тестирал бидејќи може да заглави во карантин.). Во услови кога и на Аеродром Скопје има можност за брзи и не толку скапи тестови дел од организираните туристички групи може да ја користат оваа услуга во пакет аранжманите без да бидат на товар на државата.

Имаме уште максимум два месеца да го спроведеме целиот процес кој подразбира, пред се, носење и примена  соодветни хигиенско – здравствено - безбедносни пртоклоли врз основа на кои потоа се добиваат и печатите.

„Safe travels“ е глобален безбедносен печат со кој се признаваат протоколите за сигурно, безбедно патување на некоја дестинација. Туристите преку печатот ги препознаваат државите и туристичките капацитети, без притоа да се двоумат дали земјата во која сакаат да патуваат е безбедна и има воспоставено некаков хигиенско-здравствен-безбедносен систем на делување.

Вакви печати и глобални пртоколи за т.н. нова нормалност, се користат во хотелско-угостителскиот сектор, авијацијата, аеродромите, тур-операторите, издавачите на станови, рент-а-кар компаниите, авантуристичкиот туризам, превозниците.

Досега ваквите пртоколи и печати се имплементирани во Хрватска, Црна Гора, Бугарија, БиХ, Англија, САД, региони од Австрија.

Со регулирање и имплементација на светските протоколи за патување и воспоставување на „Safe travels“, клучна е дипломатската активност со цел информирање на традиционланите тур оператори и пазари за враќање на туристите на македонскиот пазар, вели Асим Меџедовиќ, заменик претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Северна Македонија. Бараме масимална ангажираност од Владата и МНР, да ги исконтактираат тур-оператоите во земјите од кои секогаш сме имале туристи, да им се кажат условите, да се охрабрат дека земјава влегува во процес на сертифицирање и добивање безбедносни сертификати како туристичка дестинација. Бараме да се интервенира и во модернизација и олеснување на Правилникот за субвенции за да им се даде јасен сигнал на странските тур-оператори дека сме подготвени да помогнеме како држава, да дојдат странски туристи и во 2022-ра да почнеме да се враќаме во нормала, Се додека не се применат овие активности и стандарди, не можеме да очекуваме нормална туристичка сезона и посета на странски туристи, истакна Меџедовиќ.

Со една ваква системска организираност нагло ќе се подобри меѓународниот углед на државата.

Непостапувањето по овие предлози / препораки / иницијативи, ќе значи загуба на постојните пазари, стопирање на чартерите и неможност за компензирање (надомест) на загубите преку други пазари.

Даниела Михајловска Василевска
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија