ВО ТЕК Е ВАКЦИНАЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НИШ
➢ Актуелно (27.03.2021, во 10:02:00)
👁 Прочитано: 716



Од отворањето на пунктовите за вакцинирање до 11.00 часот, вакцинирани се повеќе од 500 лица
ВО ТЕК Е ВАКЦИНАЦИЈА НА БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО НИШ

Во тек е вакцинација на бизнис заедницата, акција на Стопанската комора на Северна Македонија, која заедно со Стопанската комора на Србија, а во рамките на Коморскиот инвестициски форум се реализира викендов во спортската сала „Чаир“ во Ниш, Р.Србија.

Се вакцинираат вработени од Комората, како и вработени од компаниите членки на Комората чии работни места се од висок ризик од пандемијата и единствено на овој начин ќе продолжат да го задржат нивото на економска активност и да ѝ помогнат на државата и економијата во борбата против пандемијата.

Благодарност до Министерството за внатрешни работи на РСМ за брзото постапување по барањето на Стопанската комора за пуштање на повеќе ленти за возила на ГП Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора на Северна Македонија за имунизација од КОВИД 19 на претставниците од бизнис заедницата.

На ГП Табановце сообраќајот се одвива непречено и без застои.

Од отворањето на пунктовите за вакцинирање, до 11.00 часот, вакцинирани се повеќе од 500 лица.

 
 
Служба за информирање при Комората