МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА СО ДОПОЛНИТЕЛНО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА ЗА ПОМОШ НА СЕКТОРОТ
➢ Актуелно (22.03.2021)
👁 Прочитано: 311




МЕСНАТА ИНДУСТРИЈА СО ДОПОЛНИТЕЛНО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА ЗА ПОМОШ НА СЕКТОРОТ

 

Групацијата за производство на месо и преработки од месо при Стопанската комора на Северна Македонија неодамна до Министерството за економија поднесе барање за враќање, односно ослободување на скратените количини од последната мерка на Владата за укинување на царинските давачки на замрзнато свинско месо наменето за преработка (Сл.весник бр.258 од 30.10.2020). Барањето е со цел да се вратат редовните количини, кои во регуларни услови на стопанисување и беа одобрувани во изминатите 3 години, а во 10 месец 2020 година беа преполовени, иако беше измината скоро една година од појавата на пандемијата.

Апелите за стимулирање на домашната потрошувачка преку пакет-мерките донесени од страна на Владата на РСМ делумно ја одржаа потрошувачката, но се далеку од доволни за да може месната индустрија во земјата да продолжи да опстојујва. До сега домашните производители на месни преработки не бараа од државата никакви субвенции ниту има користено било кој од пакет-мерките на Владата, а воедно помагаа во решавање на проблемите на домашните фармери и производители на свинско месо преку откуп на целиот вишок што го има на пзарот.

Доколку не се одобрат количините кои и претходно беа одобрувани и тоа навремено, односно за помалку од еден месец, може да случи пропаѓање на уште некој капацитет од месната индустрија. Индустријата, користејки ја оваа мерка од 2018 година наваму, соодветно одговори на увозот на готови производи од странство преку намалување од, над 28 % на истиот, односно од 13 милиони килограми во 2017, истиот во 2020 година да достигне 9 милиони килограми, а при тоа дел од капацитетите остварија и извоз во земјите на ЦЕФТА регионот.

Домашната месна индустрија не бара субвенции од државата, туку изедначување на условите за стопанисување, со оглед на фактот што ние оваа суровина целосно ја увезуваме од Евроспката Унија каде нема царина. На тој начин домашните преработувачи на месо ќе можат да опстојат и да го задржат постоечкото ниво на производство, нема да има отпуштање на вработените и не би биле на товар на државата.

Во случај на неприфаќање на брањето, се очекува во најкус можен рок да следи ценовен шок кон домашните потрошувачи со драстично зголемување на цените на месните преработки, згаснување на некои капацитети од месната индустрија и нови барања за вклучување во идните социјални пакет-мерки на Владата.

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија