Премиерот Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Решавање на тековните проблеми за креирање поволен деловен амбиент за зголемување на извозот и за нови инвестиции
➢ Актуелно (18.03.2021)
👁 Прочитано: 291




Премиерот Заев на состанок со Асоцијацијата на странски компании: Решавање на тековните проблеми за креирање поволен деловен амбиент за зголемување на извозот и за нови инвестиции

Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство во рамките на Советот на странски инвестори при Комората продолжува со праксата за одржување работни средби со највисокиот државен врв на кои се отвораат клучни прашања и проблеми за нивно системско решавање, со целоцсна отвореност на Владата за потребите и согледувањата на извозите компании од слободните економски зони..

На онлајн состанокот одржан на 17.3.2021 година со  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и владиниот економски тим се дискутираше за заклучоците по однос на прироритетните прашања презентирани од Асоцијацијата на состанокот одржан во декември 2020 година.

Приоритетите се во неколку клучни области во делот на царински стапки за увоз, инфраструктура, даночни политики, инвестициски трошоци, подобрување на законска регулатива, работни односи, движење и престој на странци  како и останати прашања во насока на унапредување на секојдневното работење на компаниите.

Премиерот Заев истакна дека за Владата од голема важност е зголемувањето на довербата на инвеститорите, отпочнувањето на нови инвестиции, поттикнувањето на извозот, зајакнувањето на човечкиот капитал,  а со тоа и подобрувањето на севкупниот економски раст во државата.  

Претседателот на Стопанска комора Азески, осврнувајќи се на меѓународната соработката ја  потенцира поддршката за извозните компании преку активностите на регионален план со грчката и турската комора, која ќе доведе до основање на Македонско-турско деловен Совет, а преку Коморскиот инвестициониот форум се отвараат нови проекти кои се директно за поддршка и бенефит на македонските економски оператори во наредниот период.

Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата,  ја наведе динамиката на преземените оперативни активности по сите 11 приоритетни прашања кои произлегоа како обврска од последниот состанок одржан во декември минатата година. Воедно, тој ја  искажа важноста од системско решавање на истите преку водење на временски роковник за нивна реализација.

На состанокот дискутираа заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Јован Деспотовски и на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески.

На состанокот беше истакнато дека од голема важност е во Собранието на Република Северна Македонија да има консензус по однос на прашањата кои се од национален интерес за економски развој на земјата.

Дополнително беше истакнато дека позитивен сигнал е растот на извозот. Согласно податоците на статистика, вкупниот извоз во јанури 2021 година бележи раст од 15,5% споредено со истиот месец минатата година и изнесува 32,5 милијарди денари. Ова е шести месец по ред како што извозот расте и воедно бележи најголема покриеност на увозот со извозот со стапка од 84,7%.

Влатко Стојановски
советник во Стопанска комора на Северна Македонија