Одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8 март од ОН со тема за „Жените во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот со ковид-19“
➢ Актуелно (08.03.2021)
👁 Прочитано: 363




Одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8 март од  ОН со тема за „Жените во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот со ковид-19“

„Жените во лидерство: Постигнување еднаква иднина во светот со ковид-19“ е темата на годинeшното одбележување на Меѓународниот ден на жената, 8 март поставена од Обединетите нации (ОН). Темата ги слави огромните напори на жените и девојките ширум светот во обликувањето на порамноправна иднина и закрепнување од пандемијата ковид-19. Исто така е усогласена со приоритетната тема на 65-та седница на Комисијата за статусот на жените, „Целосно и ефективно учество на жените во донесување одлуки во јавниот живот, како и елиминирање на насилството, за постигнување на родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојки во сите области на животот, еднаква плата, еднакво споделување на неплатена грижа и домашна работа, да се стави крај на сите форми на насилство врз жените и девојчиња и здравствени услуги кои одговараат на нивните потреби".
 

И жените стојат на првите редови на кризата со ковид-19, како здравствени работници, негувателки, организатори на заедницата и како едни од најефикасните лидери во борбата против пандемијата. Жените лидери и организациите на жените ги демонстрираат своите вештини, знаење и мрежи за ефикасно водење во напорите за одговор и обновување од ковид-19, наведуваат од ОН по повод денешниот Меѓународен ден на жената.

Стопанската комора на Северна Македонија упатува честитки до сите припаднички на понежниот пол по повод денешниот Mеѓународен ден на жената, со желба што побргу да заврши оваа светска пандемија предизвикана од Ковид-19 со цел исполнување на сите зацртани индивидуални и колективни активности и планови и секако, враќање во нормалното живеење и работење.

Служба за информирање при Комората