Бимилк со пакети како подршка за медицинските работници во Ковид центрите
➢ Актуелно (05.03.2021)
👁 Прочитано: 413




Бимилк со пакети како подршка за медицинските работници во Ковид центрите

 

Здравствените работници во неколку Ковид центри низ државата беа изненадени со пакети производи од Битолска млекара. Компанијата за медицинските лица испрати Баланс+ Имуно јогурт, производ што има истакнати здравствени придобивки и состав со функција за зајакнување на имунитетот. Со оваа мала донација Бимилк ја покажа својата поддршка за медицинските работници и во најтешките моменти од здравствената криза и им порача дека не се сами и дека помош ќе има секогаш кога е потребно. Додека на граѓаните останува обврска да ги почитуваат сите препораки за заштита од КОВИД и да се придржуваат до пропишаните мерки.

Битолска млекара во изминатата година со почетокот на здравствената криза во повеќе наврати реализираше донации во финансиска помош до јавните здравствени установи, следеа донации во опрема и неопходни апарати, а во континуитет и на социјално загрозените семејства им помага со донации.

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија