СО ПАРТНЕРСКИ ОДНОС ДО ПРЕДВИДЛИВ ДЕЛОВЕН АМБИЕНТ
➢ Актуелно (02.03.2021)
👁 Прочитано: 778



Порака од Работната средба во Стопанската комора на Македонија на претседателот Бранко Азески со заменик нa претседателот на Владата на РСМ, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бисими
СО ПАРТНЕРСКИ ОДНОС ДО ПРЕДВИДЛИВ ДЕЛОВЕН АМБИЕНТ

Работната средба одржана во Стопанската комора на Македонија, на која присуствуваа и претставници на бизнис секторот има за цел да се согледа до каде е реализацијата на барањата на членките на Комората испорачани до Владата на РСМ. Изминатиот период се отворија многу теми со Владата, со Министрството за финансии сме на неколку фронта и отворивме стратешки прашања во рамки на Платформата за јавно-приватен дијалог, како сервис на бизнисот – посочи претседателот Азески. Меѓу другото, за бизнис секторот од особено значење е ревидирањето на Царинската тарифа, на парафискалните давачки, законско нормирање на холдингот.

Мандатот на оваа Влада го почнавме со лош резултат. Од поднесените барања 10 отсто беа прифатени, сега, барањата во однос на прифаќањето се 50:50, истакна претседателот Азески.

До крајот на март треба да излезе првичниот драфт на Царинскиот тарифник со усогласувања на царинските стапки како стапките во Европската Унија и Светската Трговска Организација. Паралено се работи и на усогласување на номенклатурата, а драфтот за даночниот календар е во финална фаза на предлог-решение, информираше министерот за финансии, Фатмир Бесими. За прашањето за даночниот третман на кусоците во трговијата се бара системско решение, на предлог-решенија за нормирање на холдингот се работи од срана на Министерството за економија како надлежно министерство, за барањата врска јавните набавки се работи во рамки на ТВИНИНГ проектот, а за наплата на побарувањата веќе е разговарано со општините за решавање на овие проблеми.

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, потенцираше дека во соработката со Стопанската комора на Македонија како клучен чинител во креирањето на политиките е создадена атмосфера за предвидливо деловно опкружување, особено важен чинител за одржлив раст и развој на компаниите.

В.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ во своето обраќање стави акцент на повеќе сегменти. Осврнувајќи се на Петтиот сет мерки што го донесе Владата на РСМ, укажа дека со автономните мерки се прифатија барањата на членките на Комората за укинување на царинските давачки за 71 суровина и репроматеријали за преработувачката индустрија и претходно укинување и намалување на царински стапки за 31 суровина и месо, со што се поддржува конкурентноста на извозните компании. Во оваа насока, значење има и најавената мерка за формирање на Фондот за поддршка на извозните компании преку Развојната банка на Северна Македонија, кој покрај за малите и средни компании, овозможува поддршка и за големите компании како двигатели на економскиот раст и развој на земјата. Воедно ги посочи и измените во Законот за данок на добивка, меѓу кои износот на исплатениот регрес за годишен одмор во висина од 40% да се зголеми и да има третман на признаен расход за даночни цели. Билјана Пеева-Ѓуриќ истакна дека за бизнис секторот мерката за ревидирање на парафискалните давачки има значење со оглед дека овие давачки се сериозен терет за компаниите во нивното секојдневно работење. Стопанската комора на Македонија изработи анализа за укинување/намалување на овие давачки и активно е вклучена во реализирање на оваа активност преку учество во Работната група во МИОА. Следува фаза во која покрај ревидирање на парафискалните давачки, ќе се отпочне со дигитализација на процесите, со што ќе се олеснат постапките за аплицирање и добивање на документи. Овој процес, вели директорката на Комората ќе отпочне со дигитализација на процесите во УЈП, министерствата за финансии, за економија, за транспорт и врски и за животна средина.

Анита Блажевска од Филип Морис ТК Скопје, се осврна на прашањата на кои се работи, а се од значење за олеснување на работењето. ПЕМ Конвенцијата за потекло на стоки со која се синхронизирани над 60 билатерални прописи за нови олеснети правила во прцесот на меѓународното тргување, олеснување на административниот товар на компаниите преку регулирање на едношалтерскиот систем за царинење во ЕУ и сериозното усогласување на царинските стапки со стапките на ЕУ.

Андреа Серафимовски од ГРАНИТ порача дека за да може да има ефект новиот Закон за јавните набавки, при чие донесување активен чинител беше и Стопанската комора на Македонија, потребно е аналитички да се креираат критериуми за избор на најповолна економска понуда, за што треба да се користи експертизата и стручноста на членките на Комората.

Светлана Митревска од Кромберт и Шуберт истакна дека трендот на воспоставената соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор треба да продолжи во насока на креирање амбиент кој ќе поддржи економски раст и развој.

Заокружувајќи ја работната средба, претседателот Азески упати апел до сите парламентарни партии на денешната собраниска седница која се одржува по подолго време, да се изгласаат економските закони. Иако има добра волја од страна на Владата, со кочењето се создаваат лоши импути врз економската позиција на компаниите, секое кочење на законите, напомена Азески, значи сериозен удар за стопанството.

Љупка Илиевска Самарџиска
виш советник во Стопанска комора на Северна Македонија