НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА „КОМФИ АНГЕЛ“ ДОО Прилеп – НАГРАДА ЗА КОМПАНИЈАТА КОЈА ЕФИКАСНО ГО ПРИСПОСОБИ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
➢ Актуелно (26.02.2021)
👁 Прочитано: 617




„КОМФИ АНГЕЛ“ ДОО Прилеп – НАГРАДА ЗА КОМПАНИЈАТА КОЈА ЕФИКАСНО ГО ПРИСПОСОБИ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА

Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и лицата на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. На компанијата „КОМФИ АНГЕЛ“ ДОО Прилеп ѝ е доделена НАГРАДАТА ЗА КОМПАНИЈА КОЈА ЕФИКАСНО ГО ПРИСПОСОБИЛА ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА.

Во време на пандемија асортиманот го збогати со производство на заштитни маски поради потребата на домашниот и на меѓународниот пазар. На почетокот маските се произведуваа рачно, но дополнително беа набавени две машини со вкупен капацитет на производство од 60.000 парчиња во смена.  

ФАКТИ

Првата машина започна со работа во март 2020 година.
Во 2020 година произведени се повеќе од 9 милиони маски со потврден сертификат.
Опремена е посебна просторија според сите стандарди за производство на заштитна опрема.
Производството е приспособено и за дополнителна заштитна опрема – заштитни капи, заштитни целосни одела и заштитници за обувки.

Служба за информирање при Комората