Одржан „онлајн“ семинар: КОВИД КАЛКУЛАТОР – УТВРДУВАЊЕ НА КОВИД-ВОЗРАСТ И РИЗИК ПРИ ЗАБОЛУВАЊЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ
➢ Актуелно (24.02.2021)
👁 Прочитано: 733



ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ
Одржан „онлајн“ семинар: КОВИД КАЛКУЛАТОР – УТВРДУВАЊЕ НА КОВИД-ВОЗРАСТ И РИЗИК ПРИ ЗАБОЛУВАЊЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Ковид калкулаторот како практична алатка за утврдување на ковид-возраста на секој работник, заедно со националната методологија се изработени од страна на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), кое во соработка со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) интензивно работи и на основање на центарот на знаење „Епи Ковид-19 БЗР центар“.
Резултатите се индивидуални, а за нивно добивање потребно е да внесете параметри за одредени заболувања, како и возраст, висина и тежина.
Податоци за бројот на заболени и починати лица во нашата држава предизвикуваат сериозна загриженост, особено ако се има предвид фактот дека по ослободувањето од рестриктивните мерки и започнувањето со работа на голем број индустриски и угостителски објекти, организации и установи, расте бројот на вработените кои потенцијално може да бидат заразени од КОВИД-19 не само како последица на видот и карактерот на нивната работа, туку и надвор од работното место.
Инфекцијата може да се случи и при транспорт од дома до работното место и обратно, при што истата започнува да се шири меѓу соработниците на работното место, но и во семејството и во блиското опкружување. Како резултат на тоа, секојдневно расте бројот на заразени здравствени и други работници.
На семинарот беа разработени прашањата за тоа:
- Што е ковид-возраст и зошто е важна?
- Како се пресметува ковид-возраст?
- Како функционира и кои сѐ фактори влијаат при проценката на ковид - возраст?
Иницирани од настаната ситуација и размислувањата за можни решенија за заштита на работниците, Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, на 23 февруари 2021 година, одржа „онлајн“семинар на тема: КОВИД КАЛКУЛАТОР – УТВРДУВАЊЕ НА КОВИД-ВОЗРАСТ И РИЗИК ПРИ ЗАБОЛУВАЊЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ - ПРОЦЕНКА НА РИЗИК НА РАБОТНО МЕСТО ПРИ ИЗЛОЖЕНОСТ НА САРС-КОВ-2 ВИРУСОТ-.
На семинарот од страна на презентерите беа презентирани следниве теми:
•Уставни, законски и стручни основи за признавање на КОВИД-19 за професионална болест;
•Безбедност и здравјето на работа во време на пандемија поради  КОВИД-19;
•Проценка на ризик на работни места;
•Што е професионален ризик за појава на КОВИД-19 на работно место?
•Проценка на веројатност за професионална експозиција на САРС-КоВ-2 на работните места;
•Проценка на медицинска/клиничка ранливост;
•Утврдување на ризикот на работното место;
•Матрична проценка на ризик на работно место – верзија;
•Превентивни и корективни мерки;
•Ковид калкулатор - пресметај ја твојата ковид-возраст и ризик при заболување од коронавирусот – користење, резултати и утврдување на ковид возраста на секој работник.

По завршување на семинарот учесниците се стекнаа со сертификат за учество и потврда со стекнати 10 бодови согласно Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа.


Презентери на „онлајн“ семинарот беа: проф. д-р Елисавета Стикова, специјалист по медицина на труд и м-р Милан Петковски, дипломиран инженер по ЗПР.

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Северна Македонија