НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА Драги Милошевски, генерален директор на АД „Киро Дандаро“ Битола – НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ
➢ Актуелно (24.02.2021)
👁 Прочитано: 664




Драги Милошевски, генерален директор на АД „Киро Дандаро“ Битола – НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ

Стопанската комора на Македонија на својот веб-сајт ги претставува компаниите и личностите на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. Драги Милошевски, генерален директор на АД „Киро Дандаро“ Битола е добитник на НАГРАДА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА КОМОРСКА АКТИВНОСТ.

Драги Милошевски, генерален директор на АД „Киро Дандаро“ Битола, е активeн на полето на:

-    унапредувањето на дејноста на графичката индустрија;  
-    подобрувањето на состојбите во економијата преку континуираниот ангажман во Стопанската комора на Македонија во неколку мандатни периоди;
-    формирањето на регионалната Комора со седиште во Битола пред 23 години, а 3 год. е заменик-претседател на РК „Битола“.

ФАКТИ

-    35 години прв човек на реномираната печатница
-    Прв добитник на сертификатот Excellent SME МACEDONIA од Стопанската комора на Македонија пред 8 години
-    150 вработени
-    Над 60 % од производството наменето за извоз  
-    Соработува речиси со сите големи компании од Р Северна Македонија  

ИНВЕСТИЦИИ

За да обезбеди висок квалитет, компанијата инвестира во машини со најнова технологија:
-    2,5 милиони евра инвестира во машини со најнова технологија и
-    2 милиони евра планирана инвестиција во 2021 година.

 

Служба за информирање при Комората