НАГРАДИ И ДРУГИ ПРИЗНАНИЈА ЗА КОМПАНИИ ЧЛЕНКИ ЗА 2020 ГОДИНА „АЛКАЛОИД“ АД Скопје – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КОМПАНИЈАТА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА УСПЕШНА РАБОТА, НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ, ЗГОЛЕМЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА И ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ
➢ Актуелно (22.02.2021)
👁 Прочитано: 175




„АЛКАЛОИД“ АД Скопје – СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КОМПАНИЈАТА ЗА ДОЛГОГОДИШНАТА УСПЕШНА РАБОТА, НОВИТЕ ИНВЕСТИЦИИ, ЗГОЛЕМЕНИТЕ ВРАБОТУВАЊА И ЗА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ

Стопанската комора на Македонија во следните денови на својот веб-сајт континуирано ќе ги претставува компаниите и личностите на кои, со одлука на Управниот одбор, им додели награди и специјални признанија за 2020 година, по повод одбележувањето на 99-годишнината од коморското организирање во земјава. Серијалот го започнуваме со „Алкалоид“ АД Скопје.

ФАКТИ

  • Осумдесет и пет години постоење
  • Над 55.000 m2 производни капацитети, 20 канцеларии надвор од Северна Македонија, 1.832 вработени во земјата и 560 вработени во претставништвата во странство
  • Водечка фармацевтска компанија во Северна Македонија и шеста во регионот на Југоисточна Европа
  • Над 65 % од производството пласира во над 30 земји во светот
  • Во 2007 година е основана Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за стипендирање млади таленти од областа на здравството и на фармацијата.

ИНВЕСТИЦИИ од преку 200 милиони евра (во последните 20 години) и повеќе од 200 нови вработувања во компанијата во периодот јануари-декември 2020 година.

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ
- Учествува и помага стручни манифестации
- Донира во опрема и во инфраструктура во здравството, а само во 2020 година донирани се приближно 1,2 милиони евра во лекови, медицински средства, опрема и во средства за хигиена и за дезинфекција, како и финансиски средства на разни други основи.

Логото на компанијата и неговото мото „Здравјето пред сè“ се и на дресовите на македонските спортски репрезентации.

 

Служба за информирање при Комората