УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО – МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА НА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП И БИТОЛА ЗА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
👁 Прочитано: 173




УЧИ ПАМЕТНО РАБОТИ СТРУЧНО – МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА НА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП И БИТОЛА ЗА СРЕДНОТО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

На 18.02.2021 година, во организација на Министерството за образование и наука со поддршка на општините од пелагонискиот плански регион и Стопанска комора на Македонија, одржаа трибини со засегнатите страни од процесот на обезбедување на квалитетно стручно образование.

Во тек е имплементирање на реформата на средното стручно образование и за таа цел, Министерството за образование и наука спроведе анализа на соодветноста на постојните профили кои ги нудат училиштата, како и потребата за нови профили на компаниите кои не се вклучени во стручното образование.

Пред присутните претставници на локалните власти, стручните средни училишта од регионот и претставници на компаниите и бизнис секторот, беа презентирани досегашните сознанија за овие потребни кадри.

 Министерката Царовска истакна дека средното стручно образование мора да го направиме да биде поатрактивно, интересно и да го привлекува поголемиот број на ученици од една генерација која завршува деветолетка, да одбираат стручни училишта. Затоа што, овој тип на образование нуди поголема веројатност за вработување на соодветно работно место по добивањето на дипломата и солиден личен приход.

Градоначалниците на средбата изразија задоволство од социјалниот дијалог што се води на локално ниво за една ваква значајна тема и истакнаа дека целосно ќе се вклучат во воспоставувањето на соработката помеѓу компаниите и стручните училишта во нивните општини. Целиот овој процес е поддржан од Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија и проектот „Образование за вработување“.

Ваквиот проект го подржува и Стопанската комора на Македонија, која активно е вклучена во сите овие процеси за образованието со што ќе се обезбеди кадар за потребите на стопанството.

м-р Никола Димковски
Регионална канцеларија Битола