АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
➢ Актуелно (10.02.2021)
👁 Прочитано: 408




АЛКАЛОИД АД СКОПЈЕ РЕГИСТРИРАШЕ НОВО ДРУШТВО ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

АЛКАЛОИД АД Скопје регистрираше ново друштво во Велика Британија, со назив ALKALOID UK LIMITED. Друштвото е во 100% сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје.

Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на АЛКАЛОИД АД Скопје донесе одлука за отворање ново друштво, со цел зајакнување на постојните позиции на пазарот. АЛКАЛОИД АД Скопје е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година.

Со ова, АЛКАЛОИД АД Скопје продолжува во насока на остварување на својата главна стратешка определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.

АЛКАЛОИД АД Скопје е долгогодишна членка на Стопанската комора на Македонија, Премиум Покровител на Комората и активен учесник во работата на органите и телата на Комората.

 

 

 

Служба за информирање при Комората