Интервју со Иван Костиќ, новиот генерален директор на Филип Морис ТКП – Науката и иновациите се клучни за севкупен напредок на општеството
➢ Актуелно (10.02.2021)
👁 Прочитано: 362




Интервју со Иван Костиќ, новиот генерален директор на Филип Морис ТКП – Науката и иновациите се клучни за севкупен напредок на општеството

Иван Костиќ e новиот генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп ДОО Скопје (ФМТКП), заедничката фирма на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешанал (ФМИ) и Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП). На оваа позиција доаѓа од позицијатаДиректор за стратешко планирање и програми за Југоисточна Европа во филијалата на ФМИ во Србија.Покрај во неговата родна земја Србија, г-дин Костиќ пораснал и се школувал и во Русија, Велика Британија и Грција каде стекнал значајно меѓународно искуство и способност за брза адаптација на различни култури. Освен студиите во економија и финансии, ова му дава одлична основа за работа во голема, глобална компанија како што е ФМИ. Во оваа компанија работи повеќе години на различни позиции, претежно од областа на финансиите.На оваа позиција ќе го замени г-динот Михаел Солтер кој е назначен за генерален директор на филијалата на ФМИ во Ерменија.

Доаѓате на чело на компанијата Филип Морис ТКП во време на големи општествени предизвици, кога сѐ уште трае пандемијата Ковид-19. Сепак, како го оценувате она што е направено во изминативе години на заедничкото функционирање?

Костиќ : ФМИ формираше заедничка компанија со ТКП пред скоро седум години, која денес е успешно етаблирана во економијата и покажува добри резултати. Но, она што особено ме мотивира и инспирира е младиот, креативен и исклучително талентиран тим кој ќе имам чест да го предводам во следниот период. Филип Морис применува високи стандарди во работењето, строги правила и е пример за трансфер на своите вредности и знаења во земјите каде сме присутни. Но, она што се истакнува во Македонија е дека во изминативе 7 години нашите стандарди и принципи на работење несебичнo ги делиме со нашиот стратешки партнер ТКП. Остварените резултати во овие шест години се најдобар доказ дека потегот со основањето на заедничката фирма беше добар.

ТКП пред себе имаше многу предизвици да застане на здрави основи. Поради тоа ние активно помогнавме околу трансформацијата на комбинатот, модернизацијата на погоните и производството, околу рационализацијата на трошоците и секако околу организирање на производство. Морам да кажам дека со процесот на модернизација кој беше спроведен во прилепската фабрика, беа исполнети високите и многу строги стандарди и барања на Филип Морис за производство на премиум брендови, што придонесе ТКП да се запише во мапата производители на Марлборо, светскиот број еден меѓународен бренд за цигари од 1972 година. Покрај знаењето и искуството во индустријата за производството на новите формати, ја донесовме и технологијата и современа машина и на тој начин создадовме производ што ја содржи најважната работа за нашите полнолетни потрошувачи – високиот квалитет.

Очигледно е дека тимот во ФМТКП успеа да одгoвори соодветно на задачите и верувам дека заеднички ќе продолжиме во остварување на зацртаните цели на компанијата.

Минатата година, се појави иновативниот производ на Филип Морис, кој долго се очекуваше на македонскиот пазар. Како гледате на комерцијализацијата од денешна гледна точка?

Костиќ : Да, особено значајна пресвртница во работењето на заедничката компанијата во изминатиот период беше и комерцијализацијата на IQOS, предводникот на трансформацијата на Филип Морис Интернешенл кон иднина без чад. Tojсе појави на македонскиот пазар во време на исклучителен предизвик кога не само ние, туку сите компании мора да направат огромни промени во првичните планови. Но, сето ова е помалку важно од фактот дека на македонските пушачи им понудивме проверено подобра алтернатива споредено со цигарите.

Пушењето е секако глобален здравствен проблем. Но сепак, покрај сите рестриктивни мерки кои ги преземаат државите, Светската здравствена организација и натаму предвидува дека во 2025 година ќе има повеќе од една милијарда луѓе кои пушат. Тоа значи дека покрај рестриктивните мерки кои очигледно не се доволни за решавање на овој глобален проблем, неопходни се науката, технологијата и иновациите кои се клучни за решавање на бројни проблеми во општеството, па и на овој. Пред нас е многу поголема мисија од зголемувањето на пазарниот удел на компанијата. Ако сакате да го промените светот, прво мора да ја промените свеста на пушачите и на целото општество. Главната пречка на тој пат се скептицизмот, дезинформациите и недовербата во концептот „намалување на штетата“. Ние во компанијата веруваме дека е важно непушачите никогаш да не почнат пушат, а пушачите да престанат да го прават тоа, но искрено веруваме и дека постојат подобри опции за оние кои инаку би продолжиле да пушат. И тие опции не доаѓаат само од портфолиото на Филип Морис. Затоа, ние не промовираме ништо друго освен нов вид на дијалог и ново размислување што не се заснова на емоции, предрасуди и дезинформации, туку на факти, научни докази и иновации. Очигледен пример дека нашиот пристап е пореален и поисправен е Јапонија каде согласно студијата направена од истражувачи од реномираните американски универзитети во Јужна Каролина и Канада се наведува дека како резултат на појавата на помалку штетните алтернативи има значително намалување на стапките на пушење.

Дали сметате дека пандемијата наметна промена кај компаниите во поглед на односот кон потрошувачот, т.е дали се сменети навиките?

Костиќ: По пандемијата сигурно е дека веќе ништо нема да биде исто. И веќе има многу видливи промени. Пандемијата како да наметна своевидно ресетирање на многу процеси во општествата насекаде во светот. Еден пример, ако компаниите порано трошеа многу средства за големи состаноци, сега истите се одржуваат онлајн со еднаков ефект, но со помалку трошоци, а истите тие средства се пренасочуваат во унапредување на процесите, дигитализација и иновации што од оваа гледна точка се чини дека отсекогаш требало да биде така. Во оваа ситуација особено се истакна концептот ,,потрошувачот е секогаш во право”, каде оние компании кои инвестираа во нови технологии како би останале достапни и пристапни за своите потрошувачи и брзо се прилагодија на новонастаната ситуација имаат можост за раст и развој.

Кои ќе бидат Вашите цели на кои ќе работите во вашиот мандат како генерален директор на ФМТКП?

Костиќ: Со голем ентузијазам го преземам раководството на ФМТКП, компанија која се издвојува на националниот пазар, со соодветна историја, тежина и значење за економијата на земјата кои ме инспирираат и мотивираат. Искуството што го донесов од 13 години во ФМИ ќе биде ставено во функција на визијата за раст и генерирање на вредност - за групацијата, за филијалата, но и за економијата во целина.

Живееме во време на предизвици. Сепак, верувам во капацитетот за адаптација и трансформација на ФМТКП во најдобар интерес на нашите потрошувачи и на општеството во целина. Се потпирам на исклучителните успеси на мојот претходник кого исклучително го ценам и почитувам, но и на фактот дека ќе работам со силен тим од интелегентни, талентирани и добри луѓе.

Ќе продолжам да работам на имплементирање на визијата за свет без чад во Македонија. Иновациите се главно средство за обезбедување подобра иднина за македонските возрасни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат. За нив и за сите други во светот, Филип Морис ќе продолжи да создава и нови подобри алтернативи.

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија