ОДРЖАНА ПЕТАТА ФОКУС ГРУПА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ПАМЕТНА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА
➢ Актуелно (03.02.2021)
👁 Прочитано: 1747




ОДРЖАНА ПЕТАТА ФОКУС ГРУПА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА КАКО ДЕЛ ОД ПРОЦЕСОТ ЗА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА ПАМЕТНА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА

Како дел од процесот за изработка на Стратегија за паметна специјализација на Република Северна Македонија на 3-ти февруари 2021 година се одржа петата фокус група за Smart земјоделство и прехранбена индустрија како еден од идентификуваните стратешки сектори на македонската економија.

Претставници од компаниите, академијата и институциите како “амбасадори” од секторот, ги дадоа своите забелешки и сугестии за прашања поврзани со економските, научните и иновациските потенцијали на секој од секторите што претставува значаен придонес за подготовка на финалната верзија на Квалитативната анализа.

Квалитативната анализа претставува една од најважните фази при процесот на изработка на Стратегија за паметна специјализација. Главната цел на Квалитативната анализа е да ги потврди претходно добиените резултати од Квантитативната анализа за идентификација на економските, иновативните и научните потенцијали од една страна и да ги истражи стратешките приоритетни области (сектори и подсектори) за понатамошен континуиран економски раст и развој на државата од друга страна. Според Квантитативната анализа, сектори со најголема конкурентна предност во Македонија се: прехранбената индустрија, енергетиката во делот на обновливи извори на енергија, металната, електро, машинската и автомобилската индустрија, ИКТ, туризам, одржливи материјали, минерални суровини итн.

Стопанската комора на Македонија како предводник на процесот, во изминатиот период спроведе интервјуа и средби со претставници од бизнис секторот, академијата и државните институции како клучни “стеjкхолдери” коишто активно ќе придонесат во дизајнирање и имплементирање на фазите од процесот на градење конкурентски предности на земјата. Во наредниот период ќе се сумираат резултатите од одржаните фокус групи и во консултација со сите засегнати чинители ќе се дефинираат стратешките подсектори кои имаат најголем потенцијал за развој на претходно идентификуваните прелиминарни сектори.

 

м-р Ивана Крстевска
Асистент во организационата целина за претставување на членките и вмрежување