БРАЗИЛСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
➢ Актуелно (02.02.2021)
👁 Прочитано: 661




БРАЗИЛСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

На 2 февруари 2021 година, в.д. извршниот директор на Стопанската комора на Македонија, Билјана Пеева-Ѓуриќ, оствари работна средба со H.E. Марија Едилеуза Фонтанеле Реис, новоименувана вонредна и ополномоштена амбасадорка на Федеративна Република Бразил за Република Северна Македонија и Република Бугарија, со седиште во Софија.

Целта на посетата беше унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу двете држави во делот на билатералната трговска размена и идентификација на можностите за инвестирање, зајакнување на правната рамка со којашто се регулираат трговските односи, како и за можностите за соработка во областа на земјоделието и развојот на технологии.

Пеева Ѓуриќ накратко пред присутните ги претстави целокупната работа и функционирањето на Комората и истакна дека од заеднички интерес е во наредниот период првично онлајн како што наложуваат условите и мерките да се организираат презентации, форуми и деловни средби за компании од секторот земјоделие и прехрана, потоа и во други сектори кадешто постојат потенцијали за соработка.

Вкупната надворешно-трговска размена на Република Северна Македонија со Федеративна Република Бразил за период  јануари - ноември  2020 година, остварен е трговски дефицит од 25,8 милиони САД$, кој споредено со истиот период од претходната година е намален за 22,66%.     

Федеративна Република Бразил е 38-ми трговски партнер на Република Северна Македонија во периодот јануари - ноември 2020 година.

м-р Ивана Крстевска
соработник во Стопанска комора на Северна Македонија