Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанска комора на Македонија на тема: „Напредни пивот табели и графикони во Ексел“
👁 Прочитано: 97




Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанска комора на Македонија на тема: „Напредни пивот табели и графикони во Ексел“

Пивот табелите во Ексел спаѓаат во најважните алатки во деловното планирање, микроекономската анализа и носењето на одлуки. Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме пивот табелите, бидејќи тие се дел од најважните алатки за носење на деловни одлуки.

Знаејќи ја важноста на Excel, Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската Комора на Македонија на 27 јануари 2021 година организираше онлајн семинар на тема: Напредни пивот табели и графикони во Ексел“.

На овој фокусиран и интензивен семинарот учесниците практично применуваа табеларни пресметки, формули и функции, условно форматирање, креираа графички прикази на податоци во рамки на ќелија, сѐ со цел ефикасност во решавањето на различни задачи од работното секојдневие.

Беа опфатени пивот табелите - еден од скриените адути на Ексел кои се применуваат во: администрација, финансии, продажба, набавка, водење на магацини, маркетинг, сметководство, аналитика и управување со ризици, односно секогаш кога е потребен брз, лесен и ефикасен начин за анализа и правење на извештаи. На семинарот беше демонстрирано и креирањето на Dashboard (контролни табли) – визуелен интерфејс кој дава визуелен преглед на комплетното работење врз основа на што брзо се донесуваат одлуки. Воедно, беа обработени и „живи“ примери со кој се објаснуваат опциите во Еxcel: Show details, Replace Blank Cells, Show Items with no data, Multiple Subtotals и други. Имајќи предвид, дека главна карактеристика на современото работење се брзите и непредвидливи промени поради што понекогаш е потребно да се направат повеќе варијанти на извештаи,  притоа имајќи ги предвид неколкуте можни алтернативни вредности на податоци. Затоа на семинарот се обработи и областа за креирање на сценарија.

Предавач на семинарот беше проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и во странство. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.

 
М-р Анита Рафајловска
стручен соработник во Стопанска комора на Северна Македонија