НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26.01.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (26.01.2021)
👁 Прочитано: 321



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 26.01.
26.1.1788 година, 736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
26.1.1847 година, роден е Џон Бејтс Кларк, американски економист.
26.1.1905 година, кај Преторија во Јужна Африка откриен е „Калинан“, најголемиот дијамант во светот, со вредност од 3.106 карати.
26.1.1950 година, Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
26.1.1994 година, Романија стана прва поранешна членка на Варшавскиот пакт која со НАТО пактот потпиша Документ „Партнерство за мир“.
26.1.1994 година, во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународен фонд за земјоделски развој (ИФАД).
26.1.1996 година, американскиот сенат го одобри договорот „Старт-2“ за намалување на бројот на американските и руските нуклеарни ракети.
26.1.1925 година, роден е Пол Њумен, американски филмски глумец и режисер.
Служба за информирање при Комората