Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
➢ Актуелно (22.01.2021)
👁 Прочитано: 233




Одржан „онлајн“ семинар во организација на Стопанската комора на Македонија на тема: ПОЗИЦИЈАТА НА ОФИЦЕРОТ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Со стапувањето во сила на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42/2020), започна периодот на транзиција на компаниите за да ги приспособат системите за заштита на личните податоци на новите правила и начела што ги поставува новиот закон.
Во досегашните системи за заштита на личните податоци централна улога во нивното поставување и одржување имаше офицерот за заштита на личните податоци. Со новиот закон улогата на офицерот значително се зацврстува, неговата функција добива независност, но и се поставуваат построги критериуми за тоа кој може да ја извршува оваа улога.
На оваа обука посетителите се стекнаа со знаење за тоа кои се разликите меѓу стариот и новиот закон во однос на офицерот за заштита на личните податоци; кои се новите критериуми за именување на офицер и кои се неговите/нејзините обврски и одговорности. На семинарот ќе има простор за дискусија за предизвиците и за засегнатите прашања.
На „онлајн“ семинарот беа обработени теми и дадени одговори кои на учесниците во иднина ќе им помогнат за квалитетно извршување на своите работни задачи  и обврски поврзани и тоа:


- Вовед во законот за заштита на личните податоци

- Назначување офицер за заштита на личните податоци:
• ОЗЛП како законска обврска;
• еден озлп за повеќе контролори;
• експертиза и способности на ОЗЛП.

- Позицијата на офицерот за заштита на личните податоци:
• вклученоста на ОЗЛП во сите процеси;
• ресурси за работа;
• конфликт на интереси;

- Обврските на офицерот за заштита на личните податоци:
• следење на усогласеноста на контролорот;
• улогата на озлп при спроведувањето на ПВЗЛП;

- Соработката со агенцијата за заштита на личните податоци


Предавачи на семинарот беа: Емилија Ангеловска, CIPP/E, CDPO, ISO27001 Lead Auditor, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“ и  Елена Кочова, консултант за заштита на лични податоци во „Инфиго ИС“.

 

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија