Интервју - Татјана Штерјова Душковска ИНВЕСТИЦИИТЕ И ИЗВОЗОТ МОРА ДА ДОБИЈАТ НАЈВИСОК ПРИОРИТЕТ ЗА ПОБРЗО ОПОРАВУВАЊЕ И ЗАБРЗАН РАСТ
➢ Актуелно (30.12.2020)
👁 Прочитано: 1178




ИНВЕСТИЦИИТЕ И ИЗВОЗОТ МОРА ДА ДОБИЈАТ НАЈВИСОК ПРИОРИТЕТ ЗА ПОБРЗО ОПОРАВУВАЊЕ И ЗАБРЗАН РАСТ

Заокружуваме една година која по многу аспекти беше нестандардна. Во вакви услови, во Комората сметавме дека сега е вистинското време, покрај дискусијата за дневните прашања кои треба да им помогнат на компаниите во моментов да се справат со кризата, да отвориме дискусија и за пошироките перспективи – а тоа е каква економија сакаме да имаме по завршувањето на кризата, и кои се мерките и чекорите што ќе не придвижат кон таа цел.

За мала и отворена економија како македонската, извозот е водечката сила, и приоритет мора да бидат мерките тој да се диверзифицира, и во однос на бројот на извозни компании, и во однос на комплексноста на извозните производи, но и на пазарите на кои се пласира.

Најголемиот проблем за кој алармираат компаниите при реализацијата на инвестициски проекти се административните лавиринти кои траат предолго, а делумно и ниската реализација на капиталните инвестиции се должи на капацитетите на јавните власти за нивно спроведување. Затоа, инвестициите и извозот треба да добијат своевиден “fast track” кај јавната администрација на сите нивоа, ако сакаме побрзо опоравување и забрзан раст.

Преку Коморскиот инвестициски форум, како асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан, во кој основач е и нашата комора, во изминатиот период, со директна поддршка од ЕУ, активно бевме вклучени во конципирањето на мерките и активностите во новиот Акциски план за Заедничкиот регионален пазар, кој беше усвоен на Софискиот самит во ноември, и активно ќе партиципираме во неговото спроведување.

Целото интервју на д-р Татјана Штерјова Душковска, директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори при Стопанската комора на Македонија, дадено за порталот Извоз.мк, е достапно на следниот линк: Татјана Штерјова Душковска, Стопанска комора: Инвестициите и извозот мора да добијат највисок приоритет за побрзо опоравување и забрзан раст · izvoz.mk

 

д-р Татјана Штерјова Душковска
Директор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори