Донација за Факултетот за ликовни уметности - Железо од „Макстил“ за уметнички скулптури
➢ Актуелно (25.12.2020)
👁 Прочитано: 484




Донација за Факултетот за ликовни уметности - Железо од „Макстил“ за уметнички скулптури

Компанијата „Макстил“ АД Скопје на Факултетот за ликовни уметности донираше два апарати за обработка (аголна брусилка, апарат за заварување – инвертер) и материјал за изработка на скулптури (1 тон старо железо), наменети за потребите на сегашните и идните студенти на студиската насока вајарство при изработката на скулптурите и изучувањето на скулпторските техники.

„Се надеваме дека денешната донација ќе помогне во создавање автентичен уметнички израз кај секој од студентите и со тоа ќе придонесеме за нивна натамошна професионална промоција и афирмација. Макстил како посветена општествено одговорна компанија го поддржува образовното и интелектуалното надградување на младите”, посочи Иван Бановски, генерален директор на „Макстил“.

Студентите по вајарство на Факултетот за ликовни уметности се под менторство на познатиот скулптор и професор, Жарко Башевски. Едукативниот процес во овој уметнички израз подразбира употреба на железен материјал, но и специфични апарати за нивна обработка. За таа цел, „Макстил“ со Факултетот за ликовни уметности има воспоставено континуирана соработка којашто дополнително се продлабочува со разни активности, како дел од исклучително важната корпоративна вредност на компанијата и значаен општествен придонес.

Служба за информирање при Комората