ДИЈАЛОГ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН
➢ Актуелно (23.12.2020)
👁 Прочитано: 813




ДИЈАЛОГ ЗА РЕГИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БИЗНИС-СЕКТОРОТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Презентацијата на физибилити-студијата за развој на регионални стандарди на квалификации беше тема на денешната виртуелна конференција во организација на Иницијативaта за реформи во образованието за Југозападна Европа (ЕРИСЕЕ), во рамките на проектот „ Кон регионални стандарди на занимања – КОН РЕГОС“ (https://wba4wbl.com/about-to-regos-project/), финансиран од Австриската агенција за развој со средства од Австриската соработка за развој. Носители на активностите во проектот се стопанските комори и образовните институции за стручно образование и обука од шесте земји на Западен Балкан. Студијата имаше цел да ја истражи можноста за развој на регионални стандарди на квалификации, кои би требало да се изработат врз основа на петте стандарди на занимања во секторите угостителство и туризам и градежништво и геодезија, кои беа подготвени од работните групи, со директно учество на компаниите, наши членки, на национално ниво и усогласени на регионално ниво, а во насока на обезбедување човечки ресурси за поддршка и за продуктивност на компаниите, олеснување на регионалната мобилност на пазарот на трудот и лесно пронаоѓање работно место, особено за младите лица. Нацрт-студијата претставува компаративна анализа на институционалната и на законодавната рамка во шесте земји од Западен Балкан, со препораки и со акциски план за изработка на регионални стандарди на квалификации.

На виртуелната конференција се разви квалитетна дискусија во однос на студијата и прашањата поврзани со постојните методологии за развој на националните стандарди на квалификации.

м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Северна Македонија