ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ – ОДЛИКА НА УСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ
➢ Актуелно (23.12.2020)
👁 Прочитано: 639



Одржан „онлајн“-семинар на тема „ПОДИГНУВАЊЕ НА ЗАДОВОЛСТВОТО НА КЛИЕНТОТ“
ЗАДОВОЛНИ КЛИЕНТИ – ОДЛИКА НА УСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ

За една компанија да се карактеризира како успешна, во насока на максимизирање на профитот, потребно е да се фокусира кон градење добри односи со своите клиенти. Градењето добри односи бара од компанијата спроведување култура преку која вработените ги препознаваат барањата и потребите на клиентите, ги разбираат преференциите на клиентите и знаат како да ја идентификуваат најважната потреба – онаа потреба која е од суштинска важност за клиентот и која е клучна при определбата за одреден производ или услуга.     

Со промените на потрошувачките навики и со напливот на лесно достапни информации, компаниите се судираат не само со борбата за стекнување нови клиенти туку и со постојаната потреба од задржување на постојните клиенти, од зголемување на нивното задоволство и од класифицирање во најпосакуваната категорија клиенти – лојални.

За таа цел, Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија на 23 декември 2020 година одржа „онлајн“-семинар на тема: „Подигнување на задоволството на клиентот“ (Improving Customers Satisfaction), кој беше наменет за сите менаџери и вработени во комерција, кои непосредно комуницираат со клиентите и кои се вклучени во процесот на продажба. Целта на семинарот беше идентификување на клучните фактори кои влијаат врз одлуката на купувачот и обезбедување повратна информација за нивните знаења, ставови, идеи, вкусови и преференции, кои обезбедуваат појасна слика која води до самиот процес на продажба.

Предавач на семинарот беше Митко Керамитчиев, деловен консултант и тренер за голем број деловни вештини, со потесна специјализација во продажбата, услугите и во дистрибуцијата.
Учесници на семинарот беа вработени во секторите Продажба и Грижа за корисници, кои секојдневно се соочуваат со предизвиците преку соодветна комуникација со клиентите да обезбедат информации за нивните потреби и на соодветен начин да одговорат на нив.

Михајло Донев
соработник во Стопанска комора на Северна Македонија