Макстил АД Скопје: Ја поздравуваме работата на инспекциските служби, работиме според имплементирана А дозвола која го пропишува нивото на бучава
➢ Актуелно (11.12.2020)
👁 Прочитано: 629




Макстил АД Скопје: Ја поздравуваме работата на инспекциските служби, работиме според имплементирана А дозвола која го пропишува нивото на бучава

Во врска со направениот вонреден инспекциски надзор од страна на Дражвниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) за утврдување на емисијата на гасови на мерните точки во Макстил АД, во очекување на резултатите од лабораторијата на ДИЖС, Макстил АД Скопје ја информираше јавноста дека според мерните инструменти на Макстил, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола (измерените вредности се многукратно помали од дозволените).

За време на посетата, во врска со добиените информации од ДИЖС за добиени поплаки од граѓаните за зголемена бучава, презентирани беа мерењата на бучавата согласно А дозволата извршени од страна на надворешна акредитирана лабораторија и беше утврдено дека се во рамките на дозволеното.

Покрај Макстил АД, во комплексот на поранешна Железарница работат преку 60 правни субјекти, од кои за жал, според кажувањето на ДИЖС, голем дел немаат ни основни еколошки елаборати.

-    Приоритет ни е како компанија почитување на сите законски обврски и сигурни сме дека во секој момент производниот процес работи според А интегрираната еколошка дозвола. Ја поздравуваме професионалноста и ангажираноста на инспекциските служби и ги охрабруваме и понатаму да продолжат со редовни и вонредни контроли и проверки, како би се детектирале вистинските учесници кои придонесуваат во загадувањето на Скопје за истото да се спречи за доброто на сите, потенцираат од Макстил АД Скопје.

Служба за информирање при Комората