ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
➢ Актуелно (07.12.2020)
👁 Прочитано: 689




ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ


Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите и Нена Николовска од Стопанската комора на Македонија остварија работна средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и негови соработници.
Претседателот на Здружението на работната средба која се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски ги презентираше видувањата на компаниите и иницијативите покренати од членките во изминатиот период поврзани со предлогот за прогласување на недела како неработен ден и можните последици врз работните процеси на градежните компании, реализацијата на инвестициите во инфраструктурата, потребата за ревидирање на Законот за градење, примената на Еврокодовите, проблемите во вискоградбата, меѓу кои и мораториумот на градби, процената на пазарната вредност на недвижниот имот согласно важечките прописи и други актуелни прашања во надлежност на ресорното Министерство.
Претставниците на Министерството информираа за активностите во однос на претходно доставените иницијативи на Здружението и изразија подготвеност за решавање на проблемите во градежништвото во консултации со бизнис заедницата. 
 

м-р Нена Николовска
соработник во Стопанска комора на Северна Македонија