ЕДЕН ВИРУС, МНОГУ ПРАШАЊА, МАЛКУ ОДГОВОРИ ЗА ПОСИЛНА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА ВО ПОСТКОВИД 19 ПЕРИОДОТ
👁 Прочитано: 1388



МОЖНА ЛИ Е ПРОМЕНА НА НАШИОТ МЕНТАЛИТЕТ КАКО ОСНОВНА ПРЕЧКА НА НАШЕТО ПОНАТАМОШНО ЖИВЕЕЊЕ
ЗА ПОСИЛНА МАКЕДОНСКА ЕКОНОМИЈА ВО ПОСТКОВИД 19 ПЕРИОДОТ

          

Кога лекарот не може да постави дијагноза констатира дека проблемот е од стрес. А има ли таков денес, што не живее под стрес. Истото се случува, кога не можеме да најдеме одговор на нашите проблеми, ние констатираме дека проблем е менталитетот. И така во недоглед. Денес ќе дадам два примера како може да се промени менталитетот ако тоа се сака.

Прво , денеска во фабриката „Брако“ во Велес, наша реномирана членка, ќе биде промовиран материјалот „Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“ .Тоа значи дека и покрај тековните тешки кризи, се мисли и на иднината. Илјадници компетентни луѓе од бизнисот и економијата создадоа документ, кој за првпат покрај реаланите оценки за моменталната состојба, предлагаат решенија и за период кој реално треба да се случи во вториот и третиот квартал наредната година. За тоа оценка ќе дадете сите Вие. Нели е тоа подруг менталитет од оној, досегашниот, кој зборуваше само за тековните состојби.

Второ , она што моментално се случува на политички план, а има одраз и врз економијата, тоа е нашиот пат кон Европската Унија. Со оглед на актуелните случувања, има ли тој пат своја алтернатива. Многумина, таа алтернатива ја бараат на погрешно место. Ние јасно истакнуваме дека алтернативата е да продолжиме по тој пат без разлика на политичките блокади кои трајат веќе 30 години. Тоа значи прифаќање на стандардите на Европската Унија одма, веднаш и сега, затоа што тие не се таргети само за приклучување во Европската Унија, туку за самите нас. Поедноставно кажано, одма концепирање на Акционен план и безусловно застанување зад него на сите чинители во државата од позиција до опзиција, од наука до уметност, од локална самоуправа до невладин сектор, од медиуми до институции и поединци. Тоа е пораката од бизнис секторот, кој ќе се стави рамо до рамо со сите нив, и со тоа ќе го промени менталитетот заснован на чекање, молење и констатирање дека нема правда и дека сè е свртено против нас. Во народов, тоа е познато како Калимеро менталитет.

ПС. Еве овие два примера се патоказ како можеме да го промениме менталитетот и да излеземе од волшебниот круг кој не води никаде. Ние, како најголема и најбројна бизнис заедница, користејќи ги искуствата на балканските комори, чии земји се веќе членки на Европската Унија, Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија и Романија, работиме на тој план и следната моја порака ќе биде со конкретни примери и докажување на предходно реченото.

Бранко Азески
Претседател на Стопанска комора на Македонија