Промоција на работниот материјал ,,Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“, под мотото: „За посилна македонска економија во постковид 19 периодот“
➢ Актуелно (03.12.2020)
👁 Прочитано: 1718



Промоција на работниот материјал ,,Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“, под мотото: „За посилна македонска економија во постковид 19 периодот“

Стопанската комора на Македонија ја започнува промоцијата за работниот материјал ,,Македонската економија во тековниот период и во постковид 19 периодот“, за која подготвивме брошура. Промоцијата со повеќе коморски настани ќе трае цел декември 2020 година под мотото „За посилна македонска економија во постковид 19 периодот“. Прв од низата настани е одржувањето прес-конференција во нашата компанија членка „Брако“ од Велес на 7.12.2020 година во 11:00 часот.

Втората прес-конференција за промоција на Брошурата, во делот на поддршка на извозниците, ќе се одржи на граничниот премин "Табановце" на 15.12.2020 година во 11:30 часот.

Подолу се прикачени брошурата и писмото од претседателот на Комората, Бранко Азески, по што ќе следуваат и активностите насочени кон промовирање, афирмација и кон интегрирање на материјалот во владините економски политики за следниот период.

Следете нѐ!

Допис: Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија

Брошура: Македонската економија во тековниот и во пост-Covid 19 периодот.pdf

Служба за информирање при Комората