РЕАЛИЗИРАНА РАБОТНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА ЕВРОПСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА – СОРАБОТКА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО
➢ Актуелно (26.11.2020)
👁 Прочитано: 839




РЕАЛИЗИРАНА РАБОТНА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА ЕВРОПСКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА – СОРАБОТКА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ ВО МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, реализираше работна средба со раководството на Европската бизнис асоцијација, предводено од претседателката на асоцијацијата Катерина Бошевска. 

Претседателот Азески посочи дека Европската бизнис асоцијација треба да има клучна позиција во претстојниот период, насочена кон пренесување на европските вредности во македонската економија, но и да поведе процес на транспонирање на европското законодавство во области кои се од клучно значење за македонското стопанство, кои треба да обезбедат доближување на применливите правила и стандарди за македонските компании, процес кој треба да се одвива независно од формалниот процес на пристапување кон Европската Унија. 

На средбата се разговараше за некои од тековните активности кои ги спроведува Европската бизнис асоцијација поврзани со регулативата која се однесува на прашањата на стечај и инсолвентност, и беше постигната согласност двете асоцијации активно да соработуваат во насока на регулирање на ова прашање, со цел да се надминат недоследностите во законските решенија кои причинуваат неефикасност во постапките и во важечкиот Закон за стечај, но и во новото законско решение на нацрт Законот за инсолвентност, во кој треба да бидат имплементирани соодветни предлози кои  треба да придонесат за надминување на воочените слабости од важечкото законско решение. 

Служба за информирање при Комората