Глобален виртуелен настан „Иднината на осигурувањето во Европа“ во организација на новинарската агенција Reuters
➢ Актуелно (25.11.2020)
👁 Прочитано: 396



Глобален виртуелен настан „Иднината на осигурувањето во Европа“ во организација на новинарската агенција Reuters

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција Reuters од 24-25 ноември се одржува глобален виртуелен настан „Иднината на осигурувањето во Европа“.

На еден од најочекуваните настани во 2020 година за осигурителната индустрија коишто ги  обединува  највлијателните извршни директори на глобалните осигурителни групации како што се: AXA, Swiss Re, Generali, AIG, Zurich, Lloyd’s, Scor, Convex, RSA, Ageas, регулатори и консултанстки куќи дебатираат за најголемите предизвици со кои се соочуваат осигурителните компании на европскиот пазар, нудејќи решенија и стратегии за прилагодување на целата индустрија во услови на нестабилност на пазарот предизвикан од  глобалната пандемија со Ковид-19.

„Иднината на осигурувањето во Европа“ се справува со основните предизвици со кои се соочуваат осигурителните директори на сите поголеми европски пазари, обезбедувајќи стратешки пристап на високо ниво за развој и обликување на осигурителната индустрија преку создавање на нова дигитална, еластична и иновативна иднина за осигурувањето, како стожер за унапредување на  ефикасноста и рефлектирање на промените на потрошувачите.

„Осигурителната индустрија веројатно веќе го апсорбирала најголемиот дел од своите загуби предизвикани од глобалната пандемија. Може да има некои побарувања за одговорност кои произлегуваат од КОВИД-19, за што ќе треба некое време да созреат, а тоа ќе се случи во рок од неколку години, не веднаш“ – порача  Ендру Хортон извршниот директор на осигурителната куќа  Lloyd од Лондон.

„Стапката на реосигурување најверојатно ќе се зголеми за двоцифрен процентен поен кај клучните обновувања на 1 јануари“– изјави Денис Кеслер, претседател и извршен директор на францускиот реосигурител SCOR. SCOR, еден од најголемите реосигурители во светот, се соочи со големи побарувања како резултат на пандемијата, како и загуби предизвикани од штети од урагани во САД. Кеслер на конференцијата „Иднината на осигурувањето во Европа“  изјави дека цената на пандемијата веќе била земена во предвид при предходно објавената проценка на загубата на реосигурителот. Ако имаше трет бран, компанијата ќе ги ревидираше своите претпоставки, додаде тој.

Најџел Вилсон, извршен директор на британскиот осигурител Legal & General, изјави дека ги поддржува потенцијалните промени во начинот на регулирање на индустријата откако британскиот преоден рок преку Брегзит со Европската Унија завршува во декември.

Вилсон на конференцијата „Иднината на осигурувањето во Европа“  ја поддржа ревизијата на Банката на Англија за таканаречените правила на капитал - Солвентност II на ЕУ, вклучително и потенцијално проширување на опсегот на средства што осигурителните компании може да ги поседуваат.

„Има добро позитивно чувство дека всушност ни дава пристап и право да инвестираме во многу различни и нови класи и е многу подобро решение отколку да купуваме стари класи “, рече Вилсон.

Солвентност II е закон на ЕУ кој го диктира износот на капитал што осигурителот мора да го поседува во однос на своето портфолио на средства за да осигури дека има доволно заштита од несолвентност, со ликвидните средства да се третираат поповолно од неликвидните како инфраструктурата.

Вилсон рече дека другите делови од сегашниот режим на Солвентност II на ЕУ се „премногу технички“ и можат да бидат „модерирани“, додека сè уште обезбедуваат ист или подобар исход  и нема да бидат „арбитража на капиталот или регулаторна арбитража“.

На овој глобален виртуелен настан на панелот насловен „Клучни размислувања за ризикот за водење бизнис во Европа“,на 25-ти Ноември, како модератор се јавува Проф. Климе Попоски, член на Собранитето при Стопанската комора на Македонија.

Влатко Стојановски
советник во Стопанска комора на Македонија