Интервју на Марко Нововиќ , главен извршен директор на „Варус“ за Фактор ДОМАШНАТА ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА Е СО ВИСОКО НИВО НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ПРИВЛЕКУВА ВИСОКО-КВАЛИФИКУВАН КАДАР И ОВОЗМОЖУВА ПОБРЗ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
➢ Актуелно (13.11.2020)
👁 Прочитано: 1488



ДОМАШНАТА ФАРМАЦЕВТСКА ИНДУСТРИЈА Е СО ВИСОКО НИВО НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ПРИВЛЕКУВА ВИСОКО-КВАЛИФИКУВАН КАДАР И ОВОЗМОЖУВА ПОБРЗ ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Светската пандемија ќе остави длабоки траги на синџирите на набавка и локациите за производство, а воедно и целиот пазар. Сите предвидувања одат во насока на смалување на степенот на глобализација со регионализација на производствените капацитети и синџири на набавка, вели во интервју за Фактор Марко Нововиќ, главниот извршен директор на фармацевтската компанија „Варус“, членка на Стопанската комора на Македонија.

На пазарот постои 30 години и својот јубилеј го одбележува во специфични услови за глобалното здравје. Нововиќ вели дека влегуваат во идните планови со стратегија која се базира на интернационализација на активностите и значителна експанзија на глобалниот пазар. Во моментот Варус е активен и на пазарите во Албанија и Косово, а портфолиото на производи кои ексклузивно ги застапуваат во земјите од регионот главно се на компанијата Мерк од Германија. Станува збор за најстарата фармацевтско хемиска компанија во светот, која е еден од лидерите во оваа индустрија.  Во нивното портфолио се и производителите Курита, Тутнауер, Хитачии Бионика Фармацеутикалс. Портфолиото условно е поделено на два дела, фармацевтски производи и хемиски производи. Во делот на фармација особено големо учество имаат во кардиологијата, ендокринологијата, неврологијата, онкологијата, гинекологијата и гастроентерохепатологијата. Додека, во другиот дел кај хемикалиите  се работи за производи кои се процесни и лабораториски решенија и кои поттикнуваат иновации, подобрувања, заштеди во производството и аналитички лаборатории.

За домашната фармацевтска индустрија вели дека има голем потенцијал за раст.

Фармацевтската индустрија во Македонија има традиција и е препознатлива не само во регионот туку и многу пошироко, благодарение на повеќе генерации на специјалисти во областа кои имаат децениски придонес за развојот и производството на фармацевтски производи во земјата. Тоа ни беше и една од причините да ја прошириме таа приказна и да понудиме и други производи од Македонија кои можат да бидат во најмала рака конкурентни на интернационалниот пазар. Сметам дека имаме потенцијал како држава да работиме на развојот на овие индустрии кои се со високо ниво на додадена вредност, привлекуваат високо- квалификуван кадар и овоможуваат побрз економски развој и значајни се бидејќи тие имаат синергетски ефект со многу други индустрии и сектори – вели Нововиќ.

Целото интервју може да се види на следниот линк:

https://www.faktor.mk/intervju-novovikj-od-varus-glaven-dvigatel-vo-farmacijata-se-struchnata-javnost-i-pacientite-koi-baraat-novi-i-poefikasni-terapii

Служба за информирање при Комората