Групацијата за ОИЕ расправаше за проблемите со еколошките здруженија
➢ Актуелно (04.11.2020)
👁 Прочитано: 2196




Групацијата за ОИЕ  расправаше за проблемите со еколошките здруженија

Групацијата за обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Македонија на 4.11.2020 година одржа виртуелна седница, на која се дискутираше за проблемите на малите хидроелектрани, предизвикани од еколошките здруженија. Групацијата е дел од Здружението за енергетика, во која членуваат производители на електрична енергија од обновливи извори, меѓу кои и малите хидроелектрани. Во нашата држава постојат околу стотина мали хидроелектрани, кои се изградени или се во фаза на градба и кои активно придонесуваат во енергетскиот биланс.

На седницата инвеститорите на мали хидроелектрани ги отворија прашањата поврзани со проблемите што се предизвикани од еколошките здруженија, како при градбата така и при нивното функционирање. Трендот на неприфаќање на малите хидроелектрани како чинители во развојот во руралните средини и како производители на електрична енергија, кои се грижат за животната средина, е голем и доведува до тешкотии во реализацијата и во функционирањето на малите хидроелектрани. Оттаму, на седницата на Групацијата се дискутираше за потенцијални решенија што можат да доведат до надминување на проблемите со кои се соочуваат, како и за нивно етаблирање во пошироката општествена средина, како субјекти кои придонесуваат за развој како на централно ниво така и на локалните средини во кои функционираат.

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Македонија