Агенцијата за енергетика со поддршка за развојот на обновливите извори на енергија
➢ Актуелно (03.11.2020)
👁 Прочитано: 2299



Агенцијата за енергетика  со поддршка за развојот на обновливите извори на енергија

Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија го поддржува спроведувањето на енергетската политика, преку учество во подготовката на енергетски стратегии, развојни планови и програми, прибирање и обработка на податоци, подготовка на извештаи, поттикнување на воведувањето мерки за енергетска ефикасност и создавање услови за зголемено користење на обновливите извори на енергија за производство на електрична енергија.

Агенцијата за енергетика претендира да стане централна национална институција за следење и за анализирање на ефектите од енергетската политика, како и од спроведените мерки за енергетска ефикасност, и на степенот на искористување на обновливите извори на енергија во однос на преземените обврски од енергетската заедница.

Стопанската комора на Македонија, како партнер во проектот за изготвување смарт-специјализација, реализираше работна средба со директорот на Агенција за енергетика, г. Нехри Емрула, каде што се разговараше за потенцијалите за развој на енергетскиот сектор, особено на обновливите извори на енергија. Најперспективна е сончевата енергија, но не треба да се заборави ниту енергијата од ветерот. Капацитетот на малите хидроелектрани е ограничени  поради ограничениот број водни текови што можат да се користат за таа намена. Регулативата за искористување на обновливите извори на енергија е донесена и успешно се применува во изминатиов период, ни изјави директорот на Агенцијата за енергетика.

Перо Авакумовски
советник во Стопанска комора на Македонија