СОБРАНИЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА „Онлајн“ дебата за состојбите во енергетскиот сектор - СТАБИЛНА МАКЕДОНСКА ЕНЕРГЕТСКА СЛИКА
➢ Актуелно (30.10.2020)
👁 Прочитано: 1801



„Онлајн“ дебата за состојбите во енергетскиот сектор - СТАБИЛНА МАКЕДОНСКА ЕНЕРГЕТСКА СЛИКА

Тематската расправа за состојбите во енергетскиот сектор е поттикната од искажаниот интерес за оваа тема од бизнис секторот, имајќи предвид дека енергетиката е значаен чинител во функционирањето на економијата, а особено во периодот кога компаниите се соочуваат со последиците од здравствената криза предизвикана од COVID-19. За таа цел, ја организираме оваа дебата со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, м-р Марко Бислимоски, на невообичаен начин за одржување на седниците на Собранието на Комората, но вообичаен во овие услови на здравстевната состојба – истакна претседавачот на Собранието на Комората, Антони Пешев.

Образлагајќи ја состобата во енергетскиот сектор, м-р Бислимоски наведе дека има пад во наплатата, т.е. продажбата во секторот за електрична енергија и нафта, додека единствен сектор од енергетската област кој бележи раст е природниот гас. При тоа, истакна дека преносот на природен гас во државата бележи највисоки количини од постоењето на преносниот систем за природен гас, пред се` заради потрошувачката на когнеративната постројка ТЕ-ТО, која безмалку работи континуирано преку целата година. Производството на електрича енергија се стабилизита, после испадите на термоелектраната Битола, заради поплавите. Со почетокот на грејната сезона, се појавија одредени проблеми со снабдувањето со топлинска енергија, кои со текот на времето се решија и сега снабдувањето со топлинска енергија е редовно и без проблеми. Заради ремонти на гасоводот на бугарска страна, изминатите денови имаше застој во испораката на природен гас, а сега состојбата е редовна, односно протокот на природен гас во системот е континуиран. Во делот на нафтените деривати, снабдувањето со нафтените деривати е редовно и стабилно и не се очекуваат проблеми, со оглед на фактот дека најголмиот дел од нафтените деривати  ги набавуваме од Грција. Се очекуваат мали намалувања на нафтените деривати заради здравствената кризна во Европа предизвикана од COVID – 19, пред се` поради карантинот во Франција и Германија, но не на ниво како na почетокот на здравствената криза, кога на нафтата и нафтените деривати цените вртоглаво паѓаа – посочи Бислимоски.

На бројните прашања од учесниците во дебатата, Бислимоски меѓу другото појасни дека согласно Методологијата за дефинирање на цените на нафтените деривати, цените се дефинираат во зависност од движењето на берзанските цени на нафтените деривати, кое Регулаторната комисија го следи на неделно ниво. Воедно, посочи дека ги охрабрува сите учесници на пазарот на електрична енергија доколку имаат забелешки со операторите на преносниот или дистрибутивниот ситем да поднесат приговори до Регулаторна комисија за енергетика.

- Гасификацијата на државата тече, преносниот гасоводен систем е стигнат до Неготино, трасата до Битола е 90 % изградена , активно се работи на делницата Скопје –Тетово –Гостивар. Постоечкиот преносен систем бележи најголеми пренесени количини на природен гас од постоење на системот и зголемана потрошувачка. Со завршување на преносната мрежа и изнаоѓање на јавно приватен партнер за дистрибутивната мрежа, за кој е во тек тендерска постапка, се очекува зголемена потрошувачка на природен гас, а интерконективните врски со Грција и Бугарија ќе овозможат поголема конкуренција во оваа сфета и намалување на цените на приордниот гас. Исто така, се планира интерконективен вод во Косово, каде ќе се транзитира природен гас преку нашата земја, со што ќе се добијат уште поволности на цената – образложи Бислимоски.

Во однос на можноста за користење финансиска поддршка за инвестиции, Бислимоски информираше дека веќе е иницирана постапка, фирмите кои имаат добиено лиценца за производство на електрична енергија од сончеви колектори, да не бидат исклучени од можноста да аплицираат за добивање финансиска поддршка по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, поради тоа што инвестирањето во обновливи извори на енергија е полезно како за стопанството така и за државата и треба да биде поддржано. Се инцира, исто така олеснување на процедурите за случаите на производители на електррична енергија од обновливи извори кои во исто време се и потрошувачи (домаќинства и фирми), како и можноста од зголемување на инсталираните производни капацитети за овие намени.

Сметките за електрична енергија за стопанството се зголемени само во делот на пренос или дистрибуција соодветно на тоа каде се приклучени. Нови поскапувања на струјата не се планирани за оваа година. Се планира проиводните капацитети на ЕСМ да работат пазарно, а на социјалнo  загрозените да им се помогне со финасиска помош преку социјални трансфери.   

Заеднички беше ставот на учесниците дека вакви расправи за енергетскиот сектор овозможуваат најбрз начин на појаснување на одредени нејаснотии и изнаоѓање на начини за надминување на проблемите во пракса.

Љупка Илиевска-Самарџиска
Перо Авакумовски

Љупка Самарџиска
виш советник во Стопанска комора на Македонија