ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА СО ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТАТА БОЛНИЦА ЈЗУ „БОРКА ТАЛЕСКИ“ И БРЗАТА ПОМОШ ВО ПРИЛЕП
➢ Актуелно (30.10.2020)
👁 Прочитано: 1938



ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА СО ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТАТА БОЛНИЦА ЈЗУ „БОРКА ТАЛЕСКИ“ И БРЗАТА ПОМОШ ВО ПРИЛЕП

Прилепска Пиварница, долгогодишна членка на Стопанската комора и член во највисоките тела на управување долги години наназад, продолжува со мерките и активностите како одговор на бројот на заболени и ситуацијата со пандемијата на ковид-19, обезбедувајќи донација на средства во износ од 1.200.000 денари наменети за општата болница ЈЗУ „Борка Талески“ и за Брзата помош во Прилеп.

Дел од средствата се наменети како директна парична поддршка на медицинскиот и на другиот персонал од инфективното одделение на болницата како и на вработените во Брзата помош, чија вкупна бројка изнесува 83 лица. Останатиот дел од донацијата ќе биде наменет за воспоставување на системот за поврзување на кислородната станица со инфективното одделение на болницата и на тој начин пациентите болни од ковид-19 брзо и непречено ќе ја добијат својата медицинска помош.

Од компанијата сметаат дека, како општествено-одговорна компанија, неопходно е да се даде поддршка кон целокупниот медицински персонал кој секојдневно се бори со ковид-19 пандемијата, како и овозможување неопходна нега на пациентите со ковид-19. Исто така, многу е важно да се покаже високо ниво на индивидуална одговорност со цел што поуспешно справување со кризата која сите нè засега, на локално, национално и на глобално ниво. Прилепска Пиварница продолжува да помага, секогаш тука за заедницата во која работи и создава

Васко Ристовски
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија