Одржан дводневен „онлајн“ семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ“
➢ Актуелно (29.10.2020)
👁 Прочитано: 1945



Одржан дводневен „онлајн“ семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ“

Успехот во деловниот живот зависи од умешноста правилно да се преговара. Речиси скоро и да нема аспект од животот - деловен, општествен или личен, кој не е поврзан со потребата за преговарање. Денешните менаџери половина од своето работно време го поминуваат комуницирајќи со својте деловни партнери, надворешни соработници, како и со својте вработени, при што вештината за преговарање зазема важен дел од таа комуникација. 

Во деловното работење, преговарањето вообичаено се поврзува со две подрачја: прво е комерцијално т.е купување и продажба, а второ се меѓусебните односи внатре во компанијата. Во сите функции што ги врши еден менаџер (планирање, екипирање и организирање, контрола и раководење), вештините на преговарање се неопходни. Преговарањето е особено значајно и во процесот на управување со набавките.

Управување со набавките е збир на знаења, вештини и ставови, неопходни за извршување на активностите во доменот на управувањето со набавките, како што се: процес на набавки; примена на ИКТ во набавките; електронски набавки; употреба на квантитативни методи во процесот на набавки; оптимизација на набавки; јавни набавки; стратегиски набавки; аутсорсинг; организација и управување со набавките; евалуација и избор на добавувачи  и односи со добавувачи. 

Со оглед на големото значење на овие елементи за една организација,  Стопанската комора на Македонија, на 28-29 октомври 2020 година, организира „онлајн“ семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО НАБАВКИТЕ И ВЕШТИНИ ЗА ПРЕГОВАРАЊЕ, со цел унапредување на знаењата на учесниците, во сите процеси на управување со набавките и тоа: кои се учесниците во набавките - купувачите, добавувачите; интерната комуникација во организацијата - набавка – нарачател; комуникација со добавувачите; приоритети кај набавките; WIN-WIN стратегија; стратешко поврзување со добавувачите; оценување на добавувачите - критериуми за оценување и како важен елемент вештините за  преговарање.

Семинарот беше наменет за  сите вработени кои се вклучени во управување со процесот на набавка – менаџери и управители на компании, раководители на набавки, менаџери на набавки и останатите кои се занимаваат со логистичка работа во организацијата (набавки, магацинско работење, транспорт).

Предавач на обуката беше Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и виш стручен консултант за  проектирање и имплементација на современите ситеми за менаџмент -  ISO 9001, ISO 14001:2015, OHSAS 18001, ISO/IEC 27001:2013, ISO 20000-1:2018, ISO 22301:2012, ISO 31000:2018, ISO 37001:2016, GDPR. Ќика е акредитиран експерт-тренер од страна на PECB (Professional Evaluation and Certification Board, Kanada) со повеќе од 150 тренизи во областа на систем менаџмент, проценка на ризик и заштита на податоци, овластен консултант на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и Deustche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (GIZ).

М-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
советник во Стопанска комора на Македонија